Close Menu
Press24
    Најново

    Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми

    28.10.2026 во 21:46

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30

    Мицкоски: Во регионот сме држава со највисока стапка на раст на БДП и со најниска стапка на инфлација

    28.10.2026 во 21:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“
    • Мицкоски: Во регионот сме држава со највисока стапка на раст на БДП и со најниска стапка на инфлација
    • Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот
    • 55-годишник од липковско ги нападнал сопругата и ќерката, завршил зад решетки
    • Нападнал полицаец кој го фатил додека продава дрога
    • Драма во Германија: Четири лица повредени во експлозија во станбена зграда во Регенсбург, се трага по две лица
    • Официјално: Искра Хаџи Василева го победи Трајче Пеливанов со 7 гласа предност
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ до Митева: Македонија чувствувa забрзување во пропаст

    СДСМ до Митева: Македонија чувствувa забрзување во пропаст

    16.06.2026 во 21:302 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Митева тврди дека граѓаните „ја чувствуваат промената“.  Вистината е дека граѓаните ја чувствуваат промената, но сосема поинаква од онаа што им ја продава Владата. Граѓаните ги чувствуваат високите цени во продавниците, малите плати, празните паричници и празните фрижидери, велат од СДСМ.

    Ги чувствуваат скапите цени на горивата, чекањето по 10 часа на граница и потполно отсуство на било каква перспектива за себе и за своите деца.

    За две години на оваа криминална власт на ВМРО:

    •  Инвестициите се спуштија за 60%,

    •  Потрошувачката кошничка сега изнесува околу 70.000 денари,

    •  Државата се задолжи за 2,5 милијарди евра,

    •  Младите масовно ја напуштаат земјата,

    •  Земјоделците останаа без субвенции.

    ВМРО навистина ги исполни сите свои предизборни ветувања – нема што, Македонија денес повторно е горда!

    Добивме земја во која граѓаните едвај преживуваат, а криминална Владата се фали со статистики додека луѓето бројат денари до плата. 

    Трета економија во Европа, додека цела Европа е на колена.

    Некој клекна и молеше за власт, денес клекна цела Македонија.

    Мицкоски и неговата тендерска екипа, повторно гордо, како некогаш Груевски, ја водат во економски пропаст што граѓаните го чувствуваат секој ден на својата кожа.

    Македонија забрзува во пропаст, додаваат од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот

    28.10.2026 во 20:46

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.