Вчера во 19:30 часот во СВР Скопје, А.С. од Скопје пријави дека во парк на подрачјето на Шуто Оризари на клупа пронашол оставено бебе старо седум – осум месеци.
Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото, а екипа на Итна медицинска помош бебето го пренела во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што е извршен преглед и утврдено е дека бебето е во добра здравствена состојба без видливи повреди.
По преземени мерки, во Полициското одделение Шуто Оризари на разговор се повикани М.М.(49), И.М.(54) и Ш.М.(32), сите од Скопје, кои појасниле дека Ш.М. на подрачјето на Центар се сретнала со С.Н., која ѝ го дала детето да го причува. Откако С.Н. не се вратила, Ш.М. со бебето заминала во населбата Шуто Оризари и го оставила детето во паркот.
За настанот известен јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
- Голема промена од 1 ноември: Црна Гора го укинува безвизниот режим
- Тешка сообраќајна несреќа во Скопје: „Мерцедес“ удри во инвалидска количка, тешко повреден маж
- Филмска кражба во Кочани: Крадец затекнат од сопственикот додека му ја пребарувал собата
- Брат ми дојде кај мене дома ме нападна и ми се закани – млад кавадарчанец заврши во полиција
- Тешко повреден 24-годишник, возел мотоцикл во дворот по што изгубил контрола и паднал
- Скопјанец измамен за над 330 илјади денари: Договорил изградба на куќа, па останал без пари и без контакт со изведувачот
- „Внук ми ме натепа“ – Загрижен скопјанец се јавил во полиција
- Детали за земјотресот кој вечерва ја стресе Македонија – познат епицентарот

