Масакрот во Ваташа е трагичен настан од Втората светска војна кој се случил на 16 јуни 1943 година во близина на селото Ваташа кај Кавадарци.
Биле стрелани 12 младинци од селото Ваташа во близина на Моклиште, на месноста „Чаир“, на околу 2 километри од селото.
Стрељањето го извршиле бугарска војска и полициски одреди, во рамки на пошироки воени акции на територијата на Македонија во текот на Втората светска војна. Настанот се случил во период на офанзива спроведена од повеќе воени единици на теренот, насочена против партизанските движења и дел од цивилното население.
Во деновите пред трагедијата, селото било под силен воен надзор и блокади, а на 16 јуни Ваташа било целосно опколено, при што биле приведени и одведени младинците кои подоцна биле стрелани.
По завршувањето на војната, извршителите и организаторите на настанот биле изведени пред суд и осудени. Во чест на жртвите, во Ваташа е подигната спомен-костурница, а на местото на стрелањето постои спомен-парк со 12 јавори, симбол на загинатите младинци.

