Close Menu
Press24
    Најново

    Почина турската актерка Еџе Иртем, ѕвездата од серијата „Шербет од брусница“

    16.06.2026 во 09:19

    Дневен хороскоп: Стрелецот ќе размислува за нов проект, Рибите ќе помогнат некому

    16.06.2026 во 09:04

    СДСМ: Кој ќе одговара за милионските скандали на ВМРО-ОКГ со тендери?

    16.06.2026 во 09:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Почина турската актерка Еџе Иртем, ѕвездата од серијата „Шербет од брусница“
    • Дневен хороскоп: Стрелецот ќе размислува за нов проект, Рибите ќе помогнат некому
    • СДСМ: Кој ќе одговара за милионските скандали на ВМРО-ОКГ со тендери?
    • ВРЕДИ: Со автопатот Скопје – Блаце прв пат добиваат граѓаните, а не партиските интереси
    • Поскапеа бензинот и дизелот
    • Од Лондон до Даблин: Муцунски во серија дипломатски посети, фокус на трговијата и извозот
    • Многу топло од рано наутро – Попладнево пресврт, доаѓа силно невреме
    • Гледал ТВ па фатил автобус и ги запалил возилата кај Бугарска амбасада – Го има Путин истетовирано на стомакот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Почина турската актерка Еџе Иртем, ѕвездата од серијата „Шербет од брусница“

    Почина турската актерка Еџе Иртем, ѕвездата од серијата „Шербет од брусница“

    16.06.2026 во 09:192 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Турската актерка Еџе Иртем, која на македонската публика ѝ е најдобро позната по улогата на Ишил во мегапопуларната серија „Шербет од брусница“, ненадејно почина на 35-годишна возраст, јавија турските медиуми. Според првичните информации, на младата актерка ѝ се слошило наутро во нејзиниот дом додека била со нејзината мајка, а медицинските екипи не успеале да ја спасат по претрпениот силен срцев удар.

    Смртта на Иртем предизвика голем шок во јавноста, особено поради фактот што трагедијата се случила непосредно по нејзиниот 35-ти роденден. Актерката, родена на 14 јуни 1991 година, само неколку часа пред смртта на социјалните мрежи им се заблагодарувала на пријателите за честитките, кои сè уште стојат на нејзиниот профил.

    По повод трагичниот настан, со официјално соопштение преку менаџерската агенција се огласи нејзиниот адвокат Угур Гокујун:

    „Мојата клиентка Еџе Иртем почина денеска околу 12:00 часот. Настанот се случи во нејзиниот дом додека беше со својата мајка. Според првичните наоди, сметаме дека причината за смртта е срцев удар. Истрагата е во тек, а точната причина официјално ќе биде соопштена по обдукцискиот извештај. Јавноста ќе биде дополнително информирана кога ќе пристигнат резултатите. Изразувам најдлабоко сочувство до нејзиното семејство и до сите нејзини најблиски“.

    Еџе Иртем е родена во Сивас во 1991 година, а во 2014 година дипломирала на Отсекот за опера и соло пеење при Универзитетот „Јашар“ како трета во својата класа. Покрај тоа што во младоста се занимавала со атлетика, нејзината вистинска пасија била глумата, поради што завршила и престижна школа за актерство во Културниот центар Садри Алишик во Истанбул.

    Најголемата слава и регионална препознатливост ја стекна токму со одличната изведба на ликот Ишил во хит-драмата „Шербет од брусница“, која урива рекорди на гледаност на Балканот.

    Прочитај повеќе

    Дневен хороскоп: Стрелецот ќе размислува за нов проект, Рибите ќе помогнат некому

    16.06.2026 во 09:04

    Z генерација: Доаѓаат на факултет, а не знаат да читаат?

    15.06.2026 во 23:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.