Close Menu
Press24
    Најново

    СДСМ: Кој ќе одговара за милионските скандали на ВМРО-ОКГ со тендери?

    16.06.2026 во 09:03

    ВРЕДИ: Со автопатот Скопје – Блаце прв пат добиваат граѓаните, а не партиските интереси

    16.06.2026 во 08:56

    Поскапеа бензинот и дизелот

    16.06.2026 во 08:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • СДСМ: Кој ќе одговара за милионските скандали на ВМРО-ОКГ со тендери?
    • ВРЕДИ: Со автопатот Скопје – Блаце прв пат добиваат граѓаните, а не партиските интереси
    • Поскапеа бензинот и дизелот
    • Од Лондон до Даблин: Муцунски во серија дипломатски посети, фокус на трговијата и извозот
    • Многу топло од рано наутро – Попладнево пресврт, доаѓа силно невреме
    • Гледал ТВ па фатил автобус и ги запалил возилата кај Бугарска амбасада – Го има Путин истетовирано на стомакот
    • Ќе нема струја до 15 часот – Прекини на електричната енергија низ Скопје
    • Над 400 нови работни места – Мицкоски ќе претстави нова инвестиција
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Кој ќе одговара за милионските скандали на ВМРО-ОКГ со тендери?

    СДСМ: Кој ќе одговара за милионските скандали на ВМРО-ОКГ со тендери?

    16.06.2026 во 09:032 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Антикорупцискиот тим на СДСМ продолжува да ја разобличува тендерската мрежа вредна над 100 милиони евра, во која едни исти фирми добиваат милионски договори од институциите и општините под контрола на ВМРО-ОКГ, се наведува во партиското соопштение.

    По објавените информации за омилените фирми како „Ленди Груп“ со 74 тендери за 2 години, „Пирамид Билдинг Солушнс“ со 51 тендер и „Мастеф“ со 93 тендери шемата не завршува туку ВМРО ја има надградено и проширено.

    Речиси на сите проекти каде што овие фирми се јавуваат како изведувачи, надзорот и проектирањето ги вршат само две компании – „МГ Проект“ и „МБМ Архитекти“.

    Во дестина општини, институции, сите раководени од ВМРО-ОКГ, истата шема се повторува.

    Бројките покажуваат дека во периодот на владеење на ВМРО овие две фирми бележат експлозивен раст. „МГ Проект“ склучила договори во вредност од 2,4 милиони евра, а „МБМ Архитекти“ 2,9 милиони евра, со раст од речиси 289 проценти.

    Дали е случајност што едни исти фирми добиваат тендери, а едни исти фирми вршат надзор и проектирање?

    Ништо не е случајно. Станува збор за организирана бизнис-шема преку која се вртат милиони евра јавни пари.

    Кој ќе одговара за овие милионски скандали?

    Дали Јавното обвинителство ќе постапи или чека телефонски повик? 

    СДСМ ќе продолжи да ги разобличува сите тендерски шеми преку едни исти омилени и фаворизирани фирми со кои се вртат милиони евра пари на граѓаните. 

    Ги повикуваме граѓаните да продолжат да пријавуваат криминал и корупција на нашата дигитална платформа www.micko.mk . Ние сме вашиот глас. Заедно се бориме против корупцијата и криминалот. 

    Да ја вратиме власта во рацете на граѓаните. Сите ќе одговараат, од прв до последен!

    Just In
    Прочитај повеќе

    ВРЕДИ: Со автопатот Скопје – Блаце прв пат добиваат граѓаните, а не партиските интереси

    16.06.2026 во 08:56

    Поскапеа бензинот и дизелот

    16.06.2026 во 08:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.