Close Menu
Press24
    Најново

    Мобилната апликација m.Uslugi е достапна за сите корисници и на Андроид и на IOS уредите

    28.10.2026 во 18:46

    Бремена жена ја преживеа несреќата во Шпанија, открива што се случувало

    28.10.2026 во 18:39

    Зеленски најави мировни преговори во Абу Даби од 6 до 10 ноември

    28.10.2026 во 18:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мобилната апликација m.Uslugi е достапна за сите корисници и на Андроид и на IOS уредите
    • Бремена жена ја преживеа несреќата во Шпанија, открива што се случувало
    • Зеленски најави мировни преговори во Абу Даби од 6 до 10 ноември
    • Владимир Путин го нарече Илон Маск „вистински гениј“
    • СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?
    • Пронајден и казнет возачот кој возеше автомобил по велосипедска патека во Бутел
    • Цената на нафтата „Брент“ падна под 115 долари за барел
    • Шпанија: Поранешната министерка Фатима Бањес меѓу загинатите во железничката несреќа кај Толедо
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Безбедносните експерти со внимателен оптимизам ја следат најавата за можен договор за крај војната САД – Иран

    Безбедносните експерти со внимателен оптимизам ја следат најавата за можен договор за крај војната САД – Иран

    15.06.2026 во 18:342 Mins Read
    ФОТО: Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Безбедносните експерти со внимателен оптимизам ја следат најавата за договор за крај на војната меѓу САД и Иран, кој би требало да ги стиши тензиите на Блискиот Исток. Иако најавата за смирување на состојбите ги охрабрија свеските пазари за намалување на цената на нафтата, експертите предупредуваат дека и претходните обиди за мир завршуваа со нови ескалации.

    „Не заборавајте дека Трамп и републиканците ги очекуваат и среднорочните избори, па и тоа е дел од политичката реалност. Внимателно сме оптимистични, имајќи ги предвид претходните искуства. Како што веќе нагласив, повеќепати досега сме мислеле дека преговорите се при крај. Сега, сепак, изгледа дека ниту иранската страна сериозно не ја оспори содржината на меморандумот за разбирање, па се надеваме дека се движиме во вистинска насока“, изјави Јулијан Чифу, Центар за спречување конфликти и рано предупредување во Романија.

    Ормутскиот теснец останува клучен фактор во процесот како  еден од најважните светски поморски рути за транспорт на нафта чие непречено функционирање е важно за целата економија.  Трамп изјави дека САД ќе ја укинат поморската блокада на иранските пристаништа и дека по потпишувањето на договорот повторно ќе биде отворена Ормуската Теснина.

    „Што и да се потпише ќе треба одредено време работите да се вратат во одредена нормала и прашање е дали тоа ќе се случи. Ормутскиот теснец е важен во целата ситуација“, изјави проф. Александар Иванов од Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.

    „Секако, меѓународната ситуација е многу сложена и имаше многу пречки на патот кон постигнување долгорочни решенија. Затоа мислам дека треба внимателно да ја следиме ситуацијата и да гледаме што ќе се случува понатаму“, изјави Јованка Јакубек-Лавлик, вонреден професор по право на Универзитетот во Варшава.

    Безбедносните експерти се собраа во Скопје за  форумот „Архитекти на стабилноста“ каде се дебатираше безбедносниот идентитет на Западен Балкан.

    Прочитај повеќе

    Бремена жена ја преживеа несреќата во Шпанија, открива што се случувало

    28.10.2026 во 18:39

    Зеленски најави мировни преговори во Абу Даби од 6 до 10 ноември

    28.10.2026 во 18:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.