Close Menu
Press24
    Најново

    Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми

    28.10.2026 во 21:46

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30

    Мицкоски: Во регионот сме држава со највисока стапка на раст на БДП и со најниска стапка на инфлација

    28.10.2026 во 21:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“
    • Мицкоски: Во регионот сме држава со највисока стапка на раст на БДП и со најниска стапка на инфлација
    • Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот
    • 55-годишник од липковско ги нападнал сопругата и ќерката, завршил зад решетки
    • Нападнал полицаец кој го фатил додека продава дрога
    • Драма во Германија: Четири лица повредени во експлозија во станбена зграда во Регенсбург, се трага по две лица
    • Официјално: Искра Хаџи Василева го победи Трајче Пеливанов со 7 гласа предност
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Едногласно во Собранието: Усвоен Етичкиот кодекс за пратениците, почна дебатата за Законот за правична застапеност

    Едногласно во Собранието: Усвоен Етичкиот кодекс за пратениците, почна дебатата за Законот за правична застапеност

    15.06.2026 во 15:593 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Собранието попладнево, во рамките на 104. седница, едногласно со 82 гласа „за“ го донесе Кодексот за етичко однесување на пратениците. Веднаш по гласањето, пратениците ја почнаа и дебатата за утврдување на потребата за носење на Предлог-законот за соодветна и правична застапеност, кој се носи во редовна постапка.

    Претседателот на Собранието, Африм Гаши, истакна дека со овој кодекс се определуваат основните принципи и стандарди на етичко однесување и постапување на пратениците во законодавниот дом, додавајќи дека документот е доработен со поддршка на Националниот демократски институт.

    Новиот предлог-закон за соодветна и правична застапеност предизвика бурна дебата, пред сè меѓу пратениците Албанци. Владиниот предлог пред пратениците го образложи вицепремиерот за европски прашања, Беким Сали, кој порача дека по 24 години овој уставен принцип конечно се претвора во законско решение.

    „Дискутираме за закон за правична и соодветна застапеност, должност што произлегува од Охридскиот договор и Уставот. Денеска, првпат пред ова Собрание имаме законско решение со кое ова законско начело го претвораме во закон и ова е причината зошто овој закон има историско значење. По 24 години, овој принцип од договорот ние го претвораме во закон“ – рече Сали.

    Вицепремиерот потенцираше дека досегашниот „балансер“ бил само привремен бајпас, а дека соодветната и правична застапеност и меритократијата сега мора да се решат системски и во согласност со европските стандарди.

    „Овој закон има цел правичната застапеност и меритократијата да одат заедно бидејќи највисоките институции се истовремено и професионални и претставнички. Главен аспект е факторот дека законот е усогласен со Венециската комисија. Значи, станува збор не за партиско решение, туку за решение кое е во согласност со европските стандарди и затоа не може некој денес да вели дека овој закон е далеку од Европа. Во спротивно, овој закон е потврда дека должностите што излегуваат од Охридскиот договор може да се реализираат со почитување на највисоките стандарди“ – додаде вицепремиерот.

    Според неговите зборови, законот предвидува механизми за проверка, но и јасна политичка одговорност за раководителите на институциите кои нема да го почитуваат. Сали упати и директен апел до пратениците од сите политички блокови.

    „Се предвидува и политичка одговорност за управителите на институциите што не го почитуваат законот. Ова укажува на сериозноста со која пристап има Владата“ – рече Сали, нагласувајќи дека со ова никому не му се одземаат права.

    Тој упати и посебен повик до пратениците Албанци во собраниските клупи:

    „Несогласувањата се партиски, но денеска пред нас имаме закон што ги допира сите. Едно од најголемите политички достигнувања на оваа држава, Охридскиот договор, не е сопственост на „Влен“, ниту на ДУИ ниту на ниедна друга партија. Тоа е постигнување на граѓаните и должност на сите нас. Затоа не сакам да прашувате кој го предлага законот. Прашајте дали овој закон ги исполнува должностите што ни се наметнати во овие последни две децении и затоа ја барам вашата поддршка за да се поддржи овој предлог-закон“ – заврши Сали.

    Од друга страна, партиите на Албанците во опозиција остро се спротивставија на предлогот, тврдејќи дека тој ги враќа назад нивните права. Против законот се изјасни и пратеникот Фатмир Битиќи од СДСМ, кој смета дека решението е погрешно поставено. За законот денеска во Собранието беше организирана и јавна расправа.

    Прочитај повеќе

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30

    Мицкоски: Во регионот сме држава со највисока стапка на раст на БДП и со најниска стапка на инфлација

    28.10.2026 во 21:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.