Close Menu
Press24
    Најново

    Дипломатски пресврт: САД и Иран постигнаа мировна спогодба

    15.06.2026 во 10:41

    Доаѓа ново големо невреме во Македонија

    15.06.2026 во 10:25

    Дневен хороскоп: Два знака ги очекуваат важни договори и пари

    15.06.2026 во 10:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Дипломатски пресврт: САД и Иран постигнаа мировна спогодба
    • Доаѓа ново големо невреме во Македонија
    • Дневен хороскоп: Два знака ги очекуваат важни договори и пари
    • Голем пожар избувна во трговски центар во Нов Белград, 40 пожарникари се борат со стихијата
    • Драстично падна цената на нафтата
    • Владиниот центар за одговор на сајбер инциденти MKD-GOV-CSIRT стана полноправна членка на FIRST
    • Македонец спасен од давење на позната плажа во Грција
    • СДСМ: Мицкоски снемува пари и за тендери штом му се брза со избори
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Дипломатски пресврт: САД и Иран постигнаа мировна спогодба

    Дипломатски пресврт: САД и Иран постигнаа мировна спогодба

    15.06.2026 во 10:412 Mins Read
    ФОТО: Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Соединетите Американски Држави и Иран постигнаа историска мировна спогодба со која се предвидува прекин на непријателствата и повторно отворање на стратешкиот Ормузки теснец.

    Веста за договорот прв ја соопшти пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф, кој имаше улога на клучен посредник во неколкумесечните тензии на Блискиот Исток, а подоцна информацијата ја потврди и американскиот претседател Доналд Трамп.

    Според информациите што ги објави 4news.mk, како дел од оваа спогодба за прекин на војната, САД ќе ја укинат комплетната морска блокада на иранските пристаништа.

    Официјалното потпишување на мировниот документ е закажано за овој петок во Швајцарија, јави „Скај њуз“.

    На претстојната церемонија најавено е присуство на американскиот потпретседател Џеј Ди Ванс, а постои можност таму да патува и самиот претседател Трамп.

    Агенцијата „Ројтерс“ пренесува дека нацрт-спогодбата предвидува во рок од следните 60 дена да започнат и дополнителни разговори кои ќе бидат посветени на иранската нуклеарна програма.

    Пакистан ја презеде посредничката улога поради добрите односи со Вашингтон и Техеран, откако претходно во април 2026 година предложи двостепен план за итно примирје.

    Претседателот Доналд Трамп на својот профил на социјалната мрежа Truth Social потврди дека теснецот ќе биде отворен бесплатно и испрати директна порака.

    „Кораби на светот, стартувајте ги моторите. Нека тече нафтата!“, порача Трамп.

    По оваа глобална објава, светските берзи реагираа веднаш, при што цените на нафтата на пазарите забележаа нагол пад.

    Прочитај повеќе

    Голем пожар избувна во трговски центар во Нов Белград, 40 пожарникари се борат со стихијата

    15.06.2026 во 10:02

    Македонец спасен од давење на позната плажа во Грција

    15.06.2026 во 09:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.