Close Menu
Press24
    Најново

    Акција во Скопје: Инспекторка од АХВ падна в рацете на полицијата – ја фатија со мито

    25.09.2026 во 13:47

    Голема промена од 1 ноември: Црна Гора го укинува безвизниот режим

    24.09.2026 во 23:45

    Скопјe: По полноќ преживеал хорор на улица

    25.09.2026 во 09:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Скопско семејство преживува хорор поради долг – маж ги следи и телефонски ги вознемирува
    • Пресврт: На стариот пат кон Врање загинала баба и двегодишно дете, мајката се бори за живот
    • Дожд, ветер, сонце – Проверете какво време не очекува следните шест дена
    • УХМР објави податоци: Измерени температури низ земјава во 23 часот
    • ЈСП Скопје воведува дигитална студентска картичка за бесплатен јавен превоз
    • Мојот 12-годишен син со тврд предмет е нападнат од друг малолетник – скопјанец после една недела молчење се јавил во полиција
    • Млад скопјанец во бессознание однесен на клиника, набргу починал
    • Кибер напад врз ФБИ: Украдени се лични и медицински податоци на илјадници агенти
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Нова авиолинија од јули: Од Анкара до Скопје ќе се лета без субвенции, договорено и железничко карго поврзување

    Нова авиолинија од јули: Од Анкара до Скопје ќе се лета без субвенции, договорено и железничко карго поврзување

    15.06.2026 во 09:362 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, во гостувањето на ТВ Сител, информираше за постигнатите договори со турските министри за трговија и за транспорт за време на Бизнис форумот во Истанбул.

    Според неговите зборови, од 2 јули се воведува нова директна авиолинија Анкара-Скопје, а договорено е и железничко карго поврзување меѓу двете земји.

    Николоски потенцираше дека голем број турски компании покажале сериозен интерес за инвестирање во Македонија.

    Министерот додаде дека односите меѓу двете држави се одлични, што се потврдува и со официјалниот пречек на премиерот Христијан Мицкоски од страна на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

    „Има голем интерес на турски компании да инвестираат во Македонија, причина е што Македонија има договор за слободна трговија со EУ и одличен договор со САД. Турција има проблем во извозот во Европската Унија и одредени компании се заинтересирани токму во Македонија да инвестираат. Понатаму, тука е блискоста помеѓу двата народа и двете држави и релативната близина има добра поврзаност. Веќе Туркиш Ерлајнс покрај Скопје, почна да лета за Охрид, а од 2 јули започнува директен лет на АЏет од Анкара до Скопје. Морам да нагласам дека е без субвенции, што значи дека воопшто не побараа субвенции и мислам дека е добро да ја отворат. Заедно со двајцата министри, министерот за трговија, министерот за транспорт и инфраструктура договоривме и карго поврзување помеѓу двете држави, имајќи предвид дека едниот крак на Коридор 10 започнува во Истанбул и тоа е најкраткиот пат за роба од Турција до Централна Европа, изјави Николоски.

    На прашањето дали се очекува трговската размена меѓу двете земји да достигне вредност од 2 милијарди долари, вицепремиерот одговори потврдно.

    Тој заклучи дека ваквиот раст е реален бидејќи, покрај турските инвестиции во земјава, евидентиран е и зголемен број на македонски компании кои инвестираат во Турција.

    Прочитај повеќе

    Скопско семејство преживува хорор поради долг – маж ги следи и телефонски ги вознемирува

    25.09.2026 во 23:46

    Дожд, ветер, сонце – Проверете какво време не очекува следните шест дена

    25.09.2026 во 23:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.