Close Menu
Press24
    Најново

    Забрчанец: Демократската отвореност и популизмот не се исклучуваат меѓусебно

    14.06.2026 во 11:14

    Сиљановска-Давкова: Националниот интерес е најважен

    14.06.2026 во 11:01

    Застрашувачки бројки од Украина: ОН откри какви ужаси се случуваа во Киев и Запорожје минатиот месец

    14.06.2026 во 10:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Забрчанец: Демократската отвореност и популизмот не се исклучуваат меѓусебно
    • Сиљановска-Давкова: Националниот интерес е најважен
    • Застрашувачки бројки од Украина: ОН откри какви ужаси се случуваа во Киев и Запорожје минатиот месец
    • Ова уште не се случило:  УФЦ спектакл на тревникот пред Белата куќа за роденденот на Трамп
    • Уживајте во сонцето: Температури до 33 степени
    • Мојсоска: Повеќе од една година лицата со хемофилија живеат во голгота поради недостиг на лекот ‘фактор 8’
    • ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е најгласниот адвокат на бугарските барања во Македонија 
    • Грин Машинс ќе го придружува Иџе на европските патеки – брендот станува спонзор на најтрофејниот македонски автомобилист
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Забрчанец: Демократската отвореност и популизмот не се исклучуваат меѓусебно

    Забрчанец: Демократската отвореност и популизмот не се исклучуваат меѓусебно

    14.06.2026 во 11:142 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во светот на модерните политички комуникации, границите помеѓу теоретските идеали и практичното дејствување на терен честопати бараат разбирање на реал-политиката.

    Во интервјуто за онлајн порталот 48часа.мк, долгогодишниот стратег за односи со јавноста, Марјан Забрчанец, нуди демистифицирачка анализа за два концепта кои јавноста честопати погрешно ги доживува како дијаметрално спротивни: транспарентноста и популизмот.

    Според Забрчанец, во современиот политички наратив постои заблуда дека овие две појави се меѓусебно исклучиви и дека не можат да кохабитираат во рамките на една иста стратегија. Реалноста на современите демократии покажува нешто сосема поинакво.

    „Популизмот не мора по секоја цена да е противник на транспарентноста. Вие може да бидете транспарентни, а истовремено да користите одреден вид на комуникациски популизам. На крајот на денот, ако сме реални, во нашата современост речиси и да не постои победник на избори кој на некаков начин не се послужил со одредена доза на комуникациски популизам“, објаснува Забрчанец за 48часа.мк.

    Транспарентноста сама по себе не е штит Суштината на неговата теза изнесена во разговорот за 48часа.мк е дека „суровата транспарентност“ односно самото техничко отворање на податоците и документите, иако е неопходен институционален стандард, сама по себе не е доволно моќно оружје за да се запрат дезинформациите, лажните вести и хибридните напади.

    За транспарентноста да биде вистински ефикасна на терен, таа мора да биде спакувана во сугестивна, брза и емотивно разбирлива комуникација за граѓаните, што на некој начин ги допира елементите на прифатливиот комуникациски популизам.

    Забрчанец појаснува дека за да се изгради вистинска општествена отпорност кон деструктивните наративи, отвореноста мора да оди рака под рака со неколку клучни столбови. Првиот е силна и експресна реакција на секој хибриден напад, без оставање простор лагата да стане вистина. Вториот столб се сериозните медиумски ресурси за континуирано и масовно емитување на демократските вредности и фактите, а третиот е долгорочната едукација на населението преку дигитална и медиумска писменост.

    Заклучокот од анализата на Забрчанец за 48часа.мк е дека популизмот станува опасен кога се користи за криење на вистината и уривање на институциите. Но, кога чистата транспарентност се комбинира со паметни, модерни и сугестивни ПР алатки кои знаат како да стигнат до емоцијата на обичниот човек, тогаш таа комбинација не е деструктивна, туку е единствениот начин за ефикасна одбрана на демократските процеси во едно општество.

    Прочитај повеќе

    Сиљановска-Давкова: Националниот интерес е најважен

    14.06.2026 во 11:01

    Уживајте во сонцето: Температури до 33 степени

    14.06.2026 во 10:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.