Close Menu
Press24
    Најново

    Орце го светна Камени Мост

    28.09.2026 во 09:24

    Мицкоски за рудникот во Крива Паланка: „Појдете и прашајте ги луѓето“

    29.09.2026 во 10:44

    Возачи, внимавајте, наскоро македонската полиција ќе казнува за овој прекршок – Казната е 45 евра

    29.09.2026 во 10:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Швеѓаните сè помалку пушат цигари: Што стои зад промената на културата на пушење?
    • Петров: Платформата 12:05 има вербална поддршка од 90% од пратениците на СДСМ
    • Мерц: Русија не покажува интерес за сериозни мировни преговори за Украина
    • Почина маж од струмичко, со товарно возило излетал од патот
    • Цената на златото се врати над 4.150 долари
    • Петров: СДСМ мора да се промени
    • 2.000 војници во вежбата „Avenger Triad“: НАТО тестира координација со ВИ
    • Муцунски: Проширувањето на ЕУ е стратешка инвестиција во безбедноста и иднината на Европа
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Тодор Анѓушев на трибината на МАКО СИГРЕ: Батериските системи се следниот голем чекор во енергетиката

    Тодор Анѓушев на трибината на МАКО СИГРЕ: Батериските системи се следниот голем чекор во енергетиката

    13.06.2026 во 11:572 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Новото клучно прашање во енергетскиот сектор е каде и како ќе се складира произведената електрична енергија од обновливи извори, изјави Тодор Анѓушев, управител на ЕМС во рамките на ФЕРО ИНВЕСТ, на стручната трибина „Складирање на електрична енергија и интеграција на производство од обновливи извори – Предизвици и решенија“, организирана од МАКО СИГРЕ на ФЕИТ во Скопје.

    Тодор Анѓушев нагласи дека без батериски системи е невозможно целосно да се искористи потенцијалот на обновливите извори на енергија, но дека поставувањето батериски систем е многу посложено од градење сончева електрана. ,

    ,Батериските системи се сложен енергетски објект, кој треба правилно да се проектира, софтверски да се интегрира, да се усогласи со мрежните правила, регулативите и пазарните механизми, и најважно-дневно да се управува“, – истакна Анѓушев, кој нагласи дека е многу важно инвеститорите да проценат кој ќе им го инсталира батерискиот систем, кој ќе се грижи за истиот, кој дневно ќе го програмира за полнење и празнење и конечно, кој ќе им ја откупува произведената и складирана електрична енергија.

    Тодор Анѓушев даде конкретен пример преку батериските системи на ФЕРО ИНВЕСТ кои се веќе реално поставени, поврзани на мрежа, стекнати со сите дозволи, и веќе подолг период работат и се дел од комерцијална експлоатација без никаква техничка или административна пречка. ФЕРОИ НВЕСТ во 2025г. го изведе првиот батериски систем во Македонија кој беше поставен на сопствена електрана, и кој според новите законски одредби, единствен имаше градежна дозвола, согласност за приклучок на мрежа и лиценца за складирање електрична енергија. ФЕРО ИНВЕСТ досега учествуваше во изведување на над 250 MWh (мегаватчаса) батериски системи за сопствените електрани и за електрани на клиенти. Во реализација се уште околу 70 MWh батерии.

    На панел-дискусијата на ФЕИТ учествуваа и претставници од клучните институции и компании во енергетскиот сектор: Електродистрибуција, МЕПСО, МЕМО, ФЕРО ИНВЕСТ и Интебако. На дебатата се потенцира дека батеријата овозможува електричната енергија да се складира во текот на денот, кога има високо производство од сонце, а пазарните цени се ниски, и да се користи или продава во ноќните часови, кога нема сончево производство, а побарувачката на енергија и пазарните цени се драстично повисоки.

    На овој начин батериите создаваат добивка за производителот, односно за електраната, а истовремено му помагаат на електроенергетскиот систем на Македонија, штитејќи го од преоптоварување со прекумерни количини енергија во критичните часови од денот.

    Прочитај повеќе

    Петров: Платформата 12:05 има вербална поддршка од 90% од пратениците на СДСМ

    29.09.2026 во 23:20

    Почина маж од струмичко, со товарно возило излетал од патот

    29.09.2026 во 22:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.