Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени

    17.09.2026 во 19:17

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: САД ја намалија помошта за Македонија бидејќи знаат со кого си имаат работа
    • Перпарим Бајрами не се чувствува виновен за Лотарија
    • Фатен бегалец од Идризово
    • Секој 4ти Македонец работи во странска фирма – тие прават над третина од сите пари во Македонија
    • Заменик министерот Димитровски од Софија: Бугари во Устав не е проблем
    • Утре и задутре ново прскање против комарци во Скопје
    • Глобален форум за тутун и никотин 2026: Иднината на никотинските производи меѓу науката, регулативата и одржливоста
    • Во понеделник вонредна дератизација во скопски Центар по наездата на стаорци
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Сточарството се распаѓа, Мицкоски и Трипуновски ги доведоа сточарите во безизлезна состојба

    СДСМ: Сточарството се распаѓа, Мицкоски и Трипуновски ги доведоа сточарите во безизлезна состојба

    13.06.2026 во 10:312 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Додека Мицкоски го брани Трипуновски земоделците се во тешка криза. Сточарството се распаѓа, Мицкоски и Трипуновски ги доведоа сточарите во безизлезна состојба – оставени сами да се борат за опстанок размислуваат за затворање на фармите, стои во соопштението на СДСМ.

    „Откупната цена на млекото е драстично намалена и понижувачка, само дваесетина денари за литар. 

    Додека на сточарите млекото им се откупува по мизерни цени, во исто време, цените на млекото и млечните производи во маркетите растат. Значи дека некој прави профит врз грбот на земјоделците, а власта тоа го дозволува. 

    Кризата со откупот на млеко се зголемува.  Две млекарници во делчевскиот регион најавија прекин на откупот на млеко. Голем дел од сточарите остануваат без пласман за своето производство и без сигурност за сопствената егзистенција.

    Доцни исплатата на субвенциите за грло добиток и за премиите за млеко. 

    Бараме итна реакција за да се обезбеди непречен откуп на млекото и да се спречи дополнителна штета.

    Власта преку интервентната програма веднаш да воведе посебна мерка за поддршка на производителите на кравјо млеко, за да се ублажат последиците од кризата.

    Мицкоски како цунами го уништи земјоделство. Ги излажа и изигра луѓето кои се заслужни што имаме храна.

    Субвенциите им се намалени за 40 милиони евра, откупот е намален за 46% – земјоделството крахира.

    Во секоја земјоделска гранка е хаос – земјоделците, сточарите, градинарите, пчеларите, млекопроизводителите, сите се соочуваат со истите проблеми. Ниски откупни цени, неисплатени субвенции, несигурен пласман .

    Затоа СДСМ побара одговорност од Трипуновски ама Мицкоски го штити.

    Прашуваме, зошто доцнат субвенциите, дали во Буџетот има пари? 

    Зошто не се преземаат мерки за намалените откупни цени на млекото, доматот, пиперката и оризот? 

    Или нема пари за земјоделците?“, прашуваат од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    Филипче: САД ја намалија помошта за Македонија бидејќи знаат со кого си имаат работа

    18.09.2026 во 13:37

    ВМРО-ДПМНЕ за Филипче: „Сам призна дека неговите студенти имаат катастрофално знаење“

    18.09.2026 во 09:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.