Времето утре сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, соопшти УХМР.
Од УХМР најавуваат дека до четврток времето ќе биде претежно сончево и стабилно, освен во среда кога се очекуваат нови врнежи од дожд.
За време на викендот ќе биде посвежо, а од понеделник температурата ќе биде во пораст.

