На 11.06.2026, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово го лишиле од слобода М.К.(27) од с.Мала Речица, тетовско.
При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

