Close Menu
Press24
    Најново

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56

    Пронајден и казнет возачот кој возеше автомобил по велосипедска патека во Бутел

    28.10.2026 во 17:39

    Цената на нафтата „Брент“ падна под 115 долари за барел

    28.10.2026 во 17:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?
    • Пронајден и казнет возачот кој возеше автомобил по велосипедска патека во Бутел
    • Цената на нафтата „Брент“ падна под 115 долари за барел
    • Шпанија: Поранешната министерка Фатима Бањес меѓу загинатите во железничката несреќа кај Толедо
    • Студентите бараат 200 денари за оброк
    • Приведените за двете убиства во Ѓорче Петров признале во полиција – жртвите биле врзувани и претепувани
    • Неофицијално: Искра Хаџи Василева победи на изборите за шеф на Обвинителството за организиран криминал
    • Шест часа ќе нема струја – најавени исклучувања во неколку општини
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Пекинг предупредува: Странски служби шпионираат со морски животни опремени со сензори

    Пекинг предупредува: Странски служби шпионираат со морски животни опремени со сензори

    12.06.2026 во 10:302 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Кинеското Министерство за државна безбедност упати официјално предупредување дека странски разузнавачки служби користат морски животни опремени со сензори за собирање чувствителни информации во кинеските територијални води.

    Во својата објава на социјалните мрежи, Министерството предупреди за употреба на „нови видови шпионска опрема“ за прибирање морски податоци кои би можеле да имаат директно воено значење.

    Според кинеските власти, во нивните води веќе биле забележани поголеми морски животни, меѓу кои желки и риби, опремени со специјални сензори за набљудување.

    „Тие животни се движат во одредени области со цел да собираат чувствителни податоци за морската средина, како што се температурата на водата, соленоста и морските струи, а потоа информациите ги пренесуваат во странство преку сателит“, наведува Министерството.

    Кинеските власти дополнително тврдат дека странски организации користат специјализирани пловки со сензори, како и опрема поставена на трговски бродови, со која во реално време се следат сите активности во пристаништата.

    Според Пекинг, вака собраните податоци може да се искористат за изработка на детални подводни карти со цел да се идентификуваат потенцијалните слабости во крајбрежната одбрана на Кина.

    Министерството поради ова побара построга контрола на увезената опрема и ги повика рибарите и поморските работници веднаш да пријават доколку откријат какви било сомнителни пловки или уреди во водата.

    Тензиите меѓу Кина и западните земји околу меѓусебните обвинувања за шпионажа и национална безбедност траат со години.

    Во јуни годинава, разузнавачкиот сојуз „Пет очи“ предупреди дека кинески агенти се претставуваат како онлајн-регрутери за да дојдат до доверливи информации од потенцијални извори.

    Прочитај повеќе

    Цената на нафтата „Брент“ падна под 115 долари за барел

    28.10.2026 во 17:29

    Шпанија: Поранешната министерка Фатима Бањес меѓу загинатите во железничката несреќа кај Толедо

    28.10.2026 во 17:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.