Close Menu
Press24
    Најново

    Нови можности за економска соработка: Муцунски во Истанбул на средба со турскиот министер за трговија

    12.06.2026 во 08:08

    Мицкоски на бизнис форум во Истанбул: Фокус на нови инвестиции и економска соработка

    12.06.2026 во 08:05

    Водечките стоматолози од регионот во Скопје – Меѓународен стоматолошки конгрес К4

    12.06.2026 во 08:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Нови можности за економска соработка: Муцунски во Истанбул на средба со турскиот министер за трговија
    • Мицкоски на бизнис форум во Истанбул: Фокус на нови инвестиции и економска соработка
    • Водечките стоматолози од регионот во Скопје – Меѓународен стоматолошки конгрес К4
    • Ќе нема струја до 15 часот – Исклучувања во повеќе скопски населби
    • УХМР со викенд најава: Пад на температурите и невреме, па нов пресврт
    • На ова место во Грција лежалките не се наплаќаат
    • Холивудски луксуз: Гардероберот на Данијела Димитровска чини колку стан
    • Потрес во Даунинг стрит: Министерот си замина, Стармер уверува дека државата е безбедна
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Нови можности за економска соработка: Муцунски во Истанбул на средба со турскиот министер за трговија

    Нови можности за економска соработка: Муцунски во Истанбул на средба со турскиот министер за трговија

    12.06.2026 во 08:081 Min Read
    МНРиНТ
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Истанбул ќе учествува и ќе се обрати на Бизнис форумот Северна Македонија – Турција.

    Како што соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, форумот, организиран од владите на двете земји, ќе ги собере претставниците на институциите и бизнис-заедниците од Северна Македонија и Турција, со цел унапредување на економската и трговската соработка, привлекување нови инвестиции и создавање можности за партнерства.

    На настанот се очекува учество на голем број компании од двете држави, кои ќе имаат можност да остварат Б2Б и Б2Г средби и да воспостават нови деловни контакти.

    Бизнис форумот официјално ќе го отворат министерот Муцунски и турскиот министер за трговија, Омер Болат.

    Во рамки на посетата, Муцунски ќе оствари и билатерална средба со Болат, на која ќе се разговара за економските односи меѓу двете земји, можностите за зголемување на трговската размена, привлекување инвестиции и натамошно унапредување на севкупната економска соработка.

    Од Министерството оценуваат дека форумот претставува значајна можност за продлабочување на економските врски меѓу Северна Македонија и Турција, како и за воспоставување нови деловни партнерства меѓу компаниите од двете држави.

    Just In Top News Влада
    Прочитај повеќе

    Мицкоски на бизнис форум во Истанбул: Фокус на нови инвестиции и економска соработка

    12.06.2026 во 08:05

    Водечките стоматолози од регионот во Скопје – Меѓународен стоматолошки конгрес К4

    12.06.2026 во 08:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.