Close Menu
Press24
    Најново

    Си земале и социјално и пензија истовремено – спротивно на законот

    11.06.2026 во 19:13

    (ВИДЕО) Драматична акција: Штипските пожарникари спасуваа човек од запалена вила во Кадидере

    11.06.2026 во 18:52

    Познат идентитетот на загинатите во страотната сообраќајка на патот Градско-Прилеп

    11.06.2026 во 18:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Си земале и социјално и пензија истовремено – спротивно на законот
    • (ВИДЕО) Драматична акција: Штипските пожарникари спасуваа човек од запалена вила во Кадидере
    • Познат идентитетот на загинатите во страотната сообраќајка на патот Градско-Прилеп
    • ВМРО-ДПМНЕ: За СДС македонскиот јазик е само политички маркетинг, за нас е државна и национална обврска
    • Трамп: САД повторно ќе го нападнат Иран, ќе го заземат островот Харг
    • Муцунски утре ќе учествува на бизнис форум во Истанбул
    • Мелони: ЕУ треба да има еден претставник за преговори со Русија
    • Хорор ја стресе Македонија: 14-месечно дете се затруло од средство за чистење
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Си земале и социјално и пензија истовремено – спротивно на законот

    Си земале и социјално и пензија истовремено – спротивно на законот

    11.06.2026 во 19:132 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Истовремено си примале и социјално и пензија. Државниот завод за ревизија утврди низа неправилности и слабости во системот на остварување и исплата на правата за социјална заштита во Македонија.

    Најновиот извештај открива дека во 2024 година незаконски биле исплатени најмалку 236 илјади евра на лица кои  паралелно си користеле и пензија и социјална помош. Од овие средства 10,7 милиони денари неосновано завршиле кај 190 корисници на гарантирана минимална помош, 3,3 милиони денари биле исплатени по основ на правото на социјална сигурност на 40 стари лица и 426 илјади денари биле доделени како траен надоместок на пет корисници.

    Ревизијата лоцирала и 11 лица кои оствариле право на социјална помош за стари лица без воопшто да ја исполнат законската старосна граница, со што е предизвикана дополнителна штета од 52 илјади евра. Поради неажурност на интегрираниот информациски систем, кај 12 корисници не биле евидентирани податоците дека веќе примаат паричен надоместок за невработеност, со што буџетот е оштетен за уште 740 илјади денари.

    Покрај финансиските импликации, извештајот нотира и загрижувачка состојба во поглед на административното управување и инфраструктурата.

    Ревизорите констатираат дека доверливата документација се чува несоодветно – во кутии по ходници и канцеларии, без соодветна заштита. Како особено критична е посочена состојбата во Меѓуопштинскиот центар за социјални работи, каде што службите се сместени во дотраени бараки, со супстандардни услови за работа и несоодветни простории за прием на странки.

    Откриено е и дека не постои системско следење на уплатите и вратените средства, ниту координација помеѓу Министерството и Центарот за социјални работи, што создава ризик од ненавремена и нецелосна наплата.

    За надминување на утврдените состојби дадени се препораки за унапредување на правната рамка, програмското планирање, постапките за остварување на правата од парична помош и надзорот над нивната исплата, со цел поефикасно и поефективно користење на буџетските средства и намалување на оптоварувањето на системот на социјална заштита.

    Прочитај повеќе

    (ВИДЕО) Драматична акција: Штипските пожарникари спасуваа човек од запалена вила во Кадидере

    11.06.2026 во 18:52

    Познат идентитетот на загинатите во страотната сообраќајка на патот Градско-Прилеп

    11.06.2026 во 18:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.