Според метеоролозите, и денес ќе продолжи периодот на топло време. Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека во текот на ноќта и утрешното претпладне се очекуваат повремени врнежи од дожд.
На одделни места времето ќе биде нестабилно, проследено со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално се можни и поинтензивни атмосферски процеси со поголема количина врнежи, над 15 литри на квадратен метар, како и услови за невреме и појава на град.
Минималните и максималните температури во земјава ќе се движат меѓу 10 и 33 степени Целзиусови. Во Скопје се очекува температура од 15 до 33 степени.
За утре е најавен засилен северен ветер, кој долж Повардарието повремено ќе достигнува брзина поголема од 60 километри на час. Воедно, дневните температури ќе бидат пониски за околу 5 до 7 степени.
Според прогнозата на УХМР, за време на викендот времето ќе биде стабилно и посвежо, додека од понеделник повторно се очекува пораст на температурите.

