Close Menu
Press24
    Најново

    Инцидент кај „Куклица“: Приведена 41-годишна жена од Кратово за напад врз посетители

    03.08.2026 во 12:09

    Утре ќе нема струја шест часа – ЕВН најави исклучување во едно скопско село

    03.08.2026 во 11:56

    УХМР најави дожд, од утре следува нов топлотен бран

    03.08.2026 во 11:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Инцидент кај „Куклица“: Приведена 41-годишна жена од Кратово за напад врз посетители
    • Утре ќе нема струја шест часа – ЕВН најави исклучување во едно скопско село
    • УХМР најави дожд, од утре следува нов топлотен бран
    • УХМР ги објави температурите измерени во 11 часот – живата на термометарот надмина 32 степени
    • (ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Грижата за Скопје нема паузи, празници ниту продолжени викенди
    • МЗ: Епидемиолошката состојба во Гостивар е стабилна
    • МЗ: Вонреден инспекциски надзор во три болници во Македонија
    • Пеколно утро во Македонија: 25 степени измерени уште во 8 часот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВИДЕО: Вака беа откриени пурите во вредност од 4.000 евра – Царината со детали за заплената

    ВИДЕО: Вака беа откриени пурите во вредност од 4.000 евра – Царината со детали за заплената

    10.06.2026 во 10:471 Min Read
    Царина
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Поголема количина пури во вредност од околу четири илјади евра се запленети од мобилен царински тим од Одделението за оперативни работи, по извршена контрола на автобус на влез во државата на граничниот премин Табановце.

    Против лицето К.Б., македонски државјанин, е поднесена кривична пријава за криумчарење. Осомничениот бил возач на автобус вработен во компанија која врши меѓународен патен превоз.

    Од Царинската управа информираат дека мобилен тим, поради основано сомневање, го запрел автобусот за детална контрола, при што под седиштата и во фабрички шуплини биле пронајдени вкупно 312 пури од различни производители. Избегнатите давачки се проценуваат на околу 174,9 илјади денари.

    Акцизните производи, кои биле предмет на обид за криумчарење, се запленети и по наредба на ОЈО Куманово ќе бидат предадени на Агенцијата за управување со одземен имот.

    Царинската управа соопшти дека продолжува со засилени контроли со цел спречување на нелегална трговија со акцизни производи, заштита на финансиските интереси на државата и обезбедување услови за фер економија.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Мицкоски од Дебар: Доделени новите социјални станови, Владата продолжува со инвестиции за граѓаните

    01.08.2026 во 12:55

    Скокна цената на нафтата

    31.07.2026 во 19:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.