Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Паника кај туристите во Грција: Морето кај Солун одеднаш стана целосно зелено и почна да мириса, еве што се случува

    Паника кај туристите во Грција: Морето кај Солун одеднаш стана целосно зелено и почна да мириса, еве што се случува

    10.06.2026 во 09:422 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Вистинска паника се рашири на социјалните мрежи откако масовно почнаа да се споделуваат фотографии од морето во Солунскиот Залив (Термаикос) кое преку ноќ ја промени бојата во зелено-жолтеникава и почна да шири исклучително непријатен мирис.

    Иако паничните објави во туристичките Фејсбук групи експресно беа избришани од администраторите за да не се бркаат туристите, научниците потврдуваат дека овој феномен се јавува од време на време.

    За среќа, не станува збор за никакво хемиско загадување или истурање отров, туку за познат природен феномен.

    „Ова е природен феномен познат како морски цвет (или цветање на алги). Кога ќе се спојат високите температури на воздухот и морето, мирното време без ветер и зголемената количина на хранливи материи во водата, се јавува експлозивна пролиферација на фитопланктон, микроскопски алги.“

    Како резултат на ова цветање, водата на површината станува густа, лигава и често се формира пена или лебдечки „дамки“, кои ветерот и морските струи ги носат кон солунскиот кеј.

    Сепак, туристичките работници смируваат дека нема место за паника кај оние кои патуваат на Халкидики или во Олимписката регија.

    „Солунскиот Залив е затворен и се наоѓа веднаш до град со милиони жители, па затоа е подложен на ова. Ова не значи дека плажите каде што се капат туристите се во иста состојба. Феноменот е краткотраен. Доволно е ветерот да се промени и сè ќе исчезне за 24 до 48 часа.“

    Прочитај повеќе

    Вучиќ: Грижете се во чии раце ќе биде иднината на Србија

    18.09.2026 во 23:59

    Маж очекувал девојка, а се појавил маскиран напаѓач – Брутален обид за убиство во Белград

    18.09.2026 во 23:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.