Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне се очекува локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и можност за изолирано невреме со град. Ветерот ќе биде слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен од северозапад. Минималната температура ќе се движи од 9 до 18 °C, а максималната ќе достигне од 25 до 33 °C.
Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во одредени делови од котлината се очекува нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде околу 15 °C, а максималната до 33 °C.
Според прогнозата на УХМР, утре претпладне времето ќе остане сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне и во текот на ноќта кон петок, како и во петок, се очекува локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На некои места процесите ќе бидат поинтензивни, со пороен дожд над 15 л/м², грмежи и засилен до повремено силен северозападен ветер со брзина до 60 км/ч. Температурите во петок ќе се намалат за неколку степени. Во текот на викендот времето ќе биде претежно сончево со мала локална облачност и посвежо.

