Close Menu
Press24
    Најново

    Марта Кос: Уставните измени остануваат неопходен чекор, до 2028 година може да станете нова членка

    08.07.2026 во 14:20

    Мицкоски: Покажавме дека реформите не се декларативна определба, туку конкретна работа

    08.07.2026 во 14:16

    Машки труп пронајден во Пчиња

    08.07.2026 во 14:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Марта Кос: Уставните измени остануваат неопходен чекор, до 2028 година може да станете нова членка
    • Мицкоски: Покажавме дека реформите не се декларативна определба, туку конкретна работа
    • Машки труп пронајден во Пчиња
    • Дури 25 лица без возачка седнале зад волан, полицијата апсела низ цела држава
    • Почината жена пронајдена во стан во Кисела Вода
    • Уставен суд нема мнозинство за да одлучува за претставката на Левица – ќе се гласа на некоја идна седница
    • МФ: Нови 2,4 милиони евра за домашните компании, трансферирани средствата од централниот Буџет кон Развојната банка
    • Запленети 200.000 лажни кинески кондоми ширум Европа
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Јаневска на промоција на нови дипломци: Македонија има потреба од млад научно-истражувачки кадар

    Јаневска на промоција на нови дипломци: Македонија има потреба од млад научно-истражувачки кадар

    09.06.2026 во 19:452 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, денеска присуствуваше на свечената промоција на новата генерација дипломци на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје.

    Јаневска упати честитки до новите академски граѓани, нагласувајќи ја нивната идна улога во економскиот и општествениот напредок на државата.

    „Присуствував на промоција на нова генерација дипломци на Универзитетот „Мајка Тереза“. Упатив искрени честитки до сите кои официјално станаа академски образувани граѓани и изразив очекувања за активно учество во општествениот живот и придонес кон развојот на Македонија.“

    Министерката посочи дека државата веќе презема конкретни системски чекори за да им овозможи на младите научници соодветна перспектива во земјава.

    „Знам дека еден дел ќе се вклучат на пазарот на трудот, ќе најдат ангажман во постојните компании или преку сопствени идеи и претприемачки иницијативи ќе ја поттикнат конкуренцијата. Дел ќе го изберат патот на науката, а Македонија има потреба од млад научно-истражувачки кадар и затоа преку низа системски мерки работиме на создавање подобри услови за негов развој, напредување и меѓународна афирмација.“

    Во својата објава, Јаневска ја потенцираше и важноста на наставниот кадар, најавувајќи ги и претстојните законски реформи во високото образование.

    „Благодарност до професорите за нивната посветеност, за пренесеното знаење, искуство, време и трпение. Со многумина имаме заедничка соработка на активности насочени кон унапредување на високото образование и науката. Особено ми е драго што заеднички работевме на подготовка на новата законска регулатива во оваа област, која наскоро ќе се најде пред пратениците. Убедена сум дека со заедничка визија и посветеност ќе создадеме поконкурентен и поквалитетен систем на високо образование и научно-истражувачка дејност.“

    Прочитај повеќе

    Марта Кос: Уставните измени остануваат неопходен чекор, до 2028 година може да станете нова членка

    08.07.2026 во 14:20

    Мицкоски: Покажавме дека реформите не се декларативна определба, туку конкретна работа

    08.07.2026 во 14:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.