| На денешниот настан за поставување на камен темелник на доградбата на училиштето „Димитар Беровски“ во Општина Ѓорче Петров, на новинарски прашања претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, се осврна и на плановите на Владата за изградба на нов клинички центар.„Сега сме фокусирани на завршување на процедурата на Клиничката болница Штип, студентскиот дом и Факултетот за медицински науки, Здравствениот дом во Кичево со проширена дејност и Клиничката болница во Тетово. Тука веќе имавме меѓународен повик за да најдеме финансиери и веќе имаме понуди кои се необрзувачки и индикативни, кои за нас се поволни и прифатливи. Овие проекти треба да ги завршиме, а логично е дека во меѓувреме размислуваме и за големиот клинички центар, кој би требало да се изгради во Скопје. Разгледуваме една локација пред базенот „Борис Трајковски“. Таа локација е на два булевари, пристап до гас, блиску до обиколницата. Тоа значи дека не само за главниот град и Македонија како држава, туку може и од соседните држави да привлекуваме пациенти кои ќе ги користат услугите на овој, како што е нашиот план, ултра модерен клинички центар“, рече премиерот Мицкоски. Тој потенцираше дека таа парцела е приватна сопственост и се преговара со сопственикот за замена за земјиштето. „Планот е под булеварот „Илинденска“ да се направи топол подземен премин, кој што ќе се поврзе со постоечката „8 Септември“. Тука се наоѓа и ПЕТ центарот кој, исто така, во моментов го развиваме и сето тоа е поврзано со поликлиниката „Букурешт“. Тоа значи дека овој проект ќе опфати целосен заокружен комплекс. Знаете дека имавме една голема инвестиција во болницата „8 Септември“, бевте присутни, видовте навистина најсовремена опрема која е единствена на Балканот. Тоа е нашата амбиција и откако ќе ја завршиме процедурата со овие претходни проекти, тоа ќе биде главниот фокус на нашите приоритети. Овој долго најавуван проект да го направиме каде што треба да биде и каде што ќе можат граѓаните да го користат“, истакна Мицкоски и дополни дека ако сè е според плановите, следната година би можеле да започнат првичните активности. |
- Апсење во Скопје – Полицијата изврши претрес, МВР со детали
- Судскиот Совет одлучи: Кривичниот суд доби нов претседател
- Сообраќајка во Скопје: Едно лице тешко повредено
- Лазе Еленовски: Ако цената за ЕУ е „висока“, тогаш чесно е на народот да му се каже не чекајте ЕУ следните години
- Николоски: Товарните возови надвор од Скопје – Почист воздух и побрз карго сообраќај
- Во три смени се чисти и мие – Скопје исчистено од над 82 илјади тони комунален отпад
- Утринска драма во Штип: Багер удрил во куќа додека семејството спиело
- Нападната малолетничка од „СОС Детско Село“

