Close Menu
Press24
    Најново

    Хорор во Скопје: Се заканил дека ќе ги задави децата, фрлал маси, па пуштил куче врз роднините

    09.06.2026 во 11:02

    Шок на Балканот: Еди Рама објави бизарна снимка од себе во градник и здолниште

    09.06.2026 во 10:54

    ФОТО: Ова е младата девојка која падна во провалија длабока 250 метри – По три дена го најдоа безживотното тело, Балканот тагува

    09.06.2026 во 10:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Хорор во Скопје: Се заканил дека ќе ги задави децата, фрлал маси, па пуштил куче врз роднините
    • Шок на Балканот: Еди Рама објави бизарна снимка од себе во градник и здолниште
    • ФОТО: Ова е младата девојка која падна во провалија длабока 250 метри – По три дена го најдоа безживотното тело, Балканот тагува
    • „Пелистер“ со нова кружна планинска патека и 72 поставени знаци
    • Хондурас воведе драстични казни за фемицид: До 60 години затвор за убиство на жена
    • Еднократна помош за првачиња во Аеродром: 3.500 денари по дете
    • Сакате на одмор во Црна Гора? Проверете ги цените на плажите пред да тргнете
    • СДСМ: ЗНАМ е како и анкетите на ВМРО – лажни и на копче
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Хорор во Скопје: Се заканил дека ќе ги задави децата, фрлал маси, па пуштил куче врз роднините

    Хорор во Скопје: Се заканил дека ќе ги задави децата, фрлал маси, па пуштил куче врз роднините

    09.06.2026 во 11:022 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 36-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1, како и Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик.

    Синоќа околу полноќ, во семејниот дом во Скопје, осомничениот вршел семејно насилство и телесно ги повредил сопругата и нејзината мајка.

    Со намера да ги вознемири и заплаши, осомничениот почнал да вика и да се заканува на сопругата и на нивните две деца на возраст од 6 и 4 години. Кога оштетената побарала да престане, тој ја фатил за раката и ја турнал, нанесувајќи и телесни повреди.

    Потоа осомничениот започнал да ја крши покуќнината и со клуб маса замавнал кон мајката на сопругата, која исто така телесно ја повредил на ногата и во градниот кош. Се заканувал дека сите ќе ги убие, па и дека ќе го задави сопственото дете, при што во еден момент извадил и нож со кој замавнувал, предизвикувајќи чувство на загрозеност, несигурност и страв кај оштетените.

    Сопругата успеала телефонски да ги повика нејзиниот брат и татко. Осомничениот продолжил и ним да им се заканува со ножот, а од боксот го пуштил во дворот и своето куче од расата “шарпланинец” кое го гризнало еден од оштетените на надлактицата и потколеницата, нанесувајќи му телесни повреди – рани од угриз.

    Имајќи ги предвид сите дејствија на осомничениот, околностите што очигледно укажуваат на опасност од бегство, како и стравувањето дека тој би можел да ги повтори дејствијата на семејно насилство, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.

    Top News
    Прочитај повеќе

    ФОТО: Ова е младата девојка која падна во провалија длабока 250 метри – По три дена го најдоа безживотното тело, Балканот тагува

    09.06.2026 во 10:53

    Таткото на Фросина по пресудата: Се што е нормално си отиде од државава, и треба…

    09.06.2026 во 10:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.