ОВР Кичево поднесена кривична пријава против А.Л.(36) од селото Пласница, општина Македонски Брод, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Оштетување или уништување добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“ по член 264 од Кривичниот законик.
Тој, од страна на полициските службеници бил затекнат како врши оштетување на еден од вагоните на т.н. воз „Ќиро“ марка HENCSHEL SON CASSEL N-1507 од 1917 година кој се наоѓа на булеварот „Ослободување“ во близина на железничка станица во Кичево. Возот, согласно известување од Националната установа музеј „Западна Македонија во НОБ“ од Кичево, е музејски предмет со историска вредност.
- Конески: Владината мерка за студентско практикантство ќе ги доближи младите до институциите
- Нова дигитална алатка: „Where Are You“ пристигнува за граѓаните
- Во четврток почнува судскиот процес за серискиот убиец од Старо Нагоричане
- Млада скопјанка пронајдена почината во стан во Аеродром
- Камбовски: Правилникот за надосместоците на судиите-поротници е стар повеке од 15 години
- Стојаноски: Ќе прифатиме се што ќе договорат опозициските партии, ако биде прифатен нашиот став – дијаспората да може да гласа
- Економија: Дел од поскапувањето не се должи на реални трошоци, туку на напумпување цени
- По подолго време пад на трошоците на живот

