Close Menu
Press24
    Најново

    Делегации од регионот во Скопје на 23. Конференција на КОСАП

    05.06.2026 во 08:10

    Црвениот крст го отвора Летниот камп на оперативните сили во Сарај

    05.06.2026 во 08:09

    Нека не ве лаже утринското сонце – УХМР издаде предупредување за попладне

    05.06.2026 во 08:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Делегации од регионот во Скопје на 23. Конференција на КОСАП
    • Црвениот крст го отвора Летниот камп на оперативните сили во Сарај
    • Нека не ве лаже утринското сонце – УХМР издаде предупредување за попладне
    • Во близина на болница носел кокаин, кривична за струмичанец
    • „Не се случува“: ЕУ ја губи надежта за забрана на поморските услуги за руските танкери
    • Трамп пресече: „Доста е со војна, време е за мир“
    • Познатиот актер открива: „Некогашниот фитнес режим ми го уништи здравјето“
    • Писмена порака од Киев до Москва: Зеленски му предложи на Путин средба за крај на војната
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Делегации од регионот во Скопје на 23. Конференција на КОСАП

    Делегации од регионот во Скопје на 23. Конференција на КОСАП

    05.06.2026 во 08:101 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Собранието на Република Северна Македонија денеска е домаќин на 23. Конференција на КОСАП, која ги обединува парламентарните комисии за европска интеграција и европски прашања од земјите учеснички во Процесот на стабилизација и асоцијација во Југоисточна Европа.

    Конференцијата ќе ја отвори и со неа ќе претседава потпретседателот на Собранието и претседател на Комисијата за европски прашања, Антонијо Милошоски. Поздравни обраќања ќе имаат претседателот на Собранието, Африм Гаши, амбасадорката на Германија, Петра Дрекслер, и генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка, Амер Капетановиќ.

    На собирот ќе учествуваат делегации од Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија и Србија, како и претставници од парламентите на Турција и Грузија.

    Во фокусот на конференцијата ќе бидат Берлинскиот процес и неговото значење за регионалната соработка, развојот на транспортната и енергетската инфраструктура, како и перспективите за европска интеграција на земјите од регионот во актуелниот геополитички контекст.

    По завршувањето на дискусиите, учесниците треба да усвојат заедничка изјава, по што ќе следуваат изјави за медиумите.

    Top News
    Прочитај повеќе

    Црвениот крст го отвора Летниот камп на оперативните сили во Сарај

    05.06.2026 во 08:09

    Нека не ве лаже утринското сонце – УХМР издаде предупредување за попладне

    05.06.2026 во 08:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.