Close Menu
Press24
    Најново

    Марта Кос: Уставните измени остануваат неопходен чекор, до 2028 година може да станете нова членка

    08.07.2026 во 14:20

    Мицкоски: Покажавме дека реформите не се декларативна определба, туку конкретна работа

    08.07.2026 во 14:16

    Машки труп пронајден во Пчиња

    08.07.2026 во 14:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Марта Кос: Уставните измени остануваат неопходен чекор, до 2028 година може да станете нова членка
    • Мицкоски: Покажавме дека реформите не се декларативна определба, туку конкретна работа
    • Машки труп пронајден во Пчиња
    • Дури 25 лица без возачка седнале зад волан, полицијата апсела низ цела држава
    • Почината жена пронајдена во стан во Кисела Вода
    • Уставен суд нема мнозинство за да одлучува за претставката на Левица – ќе се гласа на некоја идна седница
    • МФ: Нови 2,4 милиони евра за домашните компании, трансферирани средствата од централниот Буџет кон Развојната банка
    • Запленети 200.000 лажни кинески кондоми ширум Европа
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Падна газда од радовишко: Со фиктивни испратници и лажни потписи „лапнале“ скоро 1,5 милиони денари

    Падна газда од радовишко: Со фиктивни испратници и лажни потписи „лапнале“ скоро 1,5 милиони денари

    04.06.2026 во 12:58Updated:04.06.2026 во 13:012 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Кривична пријава против правно и физичко лице од Радовиш, со злоупотреба на службена положба и фалсификување документи нелегално заработиле скоро 1,5 милиони денари

    СВР Струмица – ОВР Радовиш, до Основното јавно обвинителство Радовиш, поднесе кривична пријава против С.К.(43) од село Дедино, општина Конче, поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“, „посебни случаи на фалсификување исправи“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“ и против правен субјект од Радовиш за сторени кривични дела „посебни случаи на фалсификување исправи“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“.

    Првопријавениот С.К., како одговорно лице во пријавеното правно лице, злоупотребувајќи и искористувајќи ја својата службена положба и овластување, изготвувал фиктивни испратници адресирани на непостоечки лица и без да се наведе адресата на испорачување на дрвните сортименти, а исто така, кај голем број од нив во делот за количина и вид на огревно дрво извршил корекција на бројките и буквите. На овој начин овозможил да се пушти во промет незаконски стекната дрвна маса во вкупна количина од 173,31 кубни метри, при што се стекнал со противправна имотна корист од 864.262 денари.

    Исто така, констатирано е дека дваесет и седум испратници се разликуваат по количина на дрвни сортименти. По издадени испратници е наведено дека е испорачано 46 кубни метри, а од извршените проверки на терен и извршените разговори со лицата на кои се доставени огревните дрва е констатирано дека станува збор за испорачани 149 кубни метри огревно дрво. На овој начин, односно со продажба на 103 кубни метри огревно дрво повеќе од прикажаното според испратници, се стекнале со противправна имотна корист од 566.500 денари.

    Исто така, С.К. во испратниците, односно во рубриката „одговорно лице“ го фалсификувал потписот на лицето кое било овластено да ги потпишува и ги употребил како доказ во правниот сообраќај.

    На овој начин пријавените се стекнале со противправна имотна корист од вкупно 1.430.762 денари.

    Прочитај повеќе

    Машки труп пронајден во Пчиња

    08.07.2026 во 14:06

    Дури 25 лица без возачка седнале зад волан, полицијата апсела низ цела држава

    08.07.2026 во 13:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.