Close Menu
Press24
    Најново

    Млади таленти и врвни уметници на 6. Фестивал за балет и танц

    04.06.2026 во 09:21

    Ескалација на Блискиот Исток: Иран тврди дека нема напредок во преговорите со САД, Трамп оптимист дека сè ќе заврши викендов

    04.06.2026 во 09:15

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче се бори само за спас на сопствената политичка кариера

    04.06.2026 во 09:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Млади таленти и врвни уметници на 6. Фестивал за балет и танц
    • Ескалација на Блискиот Исток: Иран тврди дека нема напредок во преговорите со САД, Трамп оптимист дека сè ќе заврши викендов
    • ВМРО-ДПМНЕ: Филипче се бори само за спас на сопствената политичка кариера
    • Драма пред самитот во Тиват: БИА го советуваше Вучиќ да не патува во Црна Гора поради висок безбедносен ризик
    • „Гугл“ планира да пушти 64 милиони лабораториски комарци во Калифорнија и Флорида
    • ЗНАМ: ЕУ интеграцијата мора да се темели на реформи, а не на нови условувања
    • Дневен хороскоп: Плутон и Месечината носат пресврт за еден знак, проверете што ве чека денеска
    • Малолетник нападнал маж во Центар
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Млади таленти и врвни уметници на 6. Фестивал за балет и танц

    Млади таленти и врвни уметници на 6. Фестивал за балет и танц

    04.06.2026 во 09:212 Mins Read
    Детски културен центар - Карпош
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Шестото издание на Фестивалот за класичен балет и модерен танц ќе се одржи од 6 до 9 јуни во Македонскиот народен театар, во организација на Детскиот културен центар – Карпош.

    Како што соопштуваат организаторите, станува збор за уникатно културно случување, единствено од ваков тип во земјата, кое веќе шест години претставува значајна референтна точка за љубителите на балетската уметност и современиот танц. Фестивалот, како што истакнува директорката д-р Билјана Лалчевска Серафимовска, е простор каде се среќаваат традицијата, современиот израз и младите таленти како иднина на македонската танцова сцена.

    Организацискиот одбор одлучи наградата за животно дело „Ѓорѓи Македонски“ оваа година да ѝ биде доделена на Зоица Пуровска Велевска, за нејзиниот исклучителен придонес во развојот и афирмацијата на балетската уметност. Како што посочува м-р Маја Каревски, уметнички директор на фестивалот, наградата претставува признание за долгогодишната посветеност на уметницата.

    Исто така, наградата „Ѓорѓи Македонски“ ќе биде доделена и на младиот танчер Лука Ѓорѓиевски, за неговата креативност, труд, уметнички потенцијал и достигнувања во областа на танцовата уметност.

    Во рамки на фестивалот ќе се одржат две фестивалски вечери и две работилници посветени на класичниот балет и модерниот танц. Публиката ќе има можност да проследи настапи на танчери, балерини и уметници од земјата и странство.

    Меѓу гостите се солистите Наташа Трендафилова Гицев и Baláz Lőcsei од Националната опера и балет, Националниот балет на Косово, ученици од ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, како и гости од Istanbul Junior Ballet, Денс студио Мак од Куманово, балетското студио Балерина и балетската секција при Детскиот културен центар – Карпош од Скопје.

    Статуетките и годинава се изработени специјално за фестивалот од M Art Gallery, а поддржувачи се и Mayo store.

    Фестивалот се реализира со поддршка на Град Скопје.

    Just In
    Прочитај повеќе

    Малолетник нападнал маж во Центар

    04.06.2026 во 08:46

    Бројот на работници во индустријата намален во речиси сите сектори

    04.06.2026 во 08:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.