Close Menu
Press24
    Најново

    Контроли на АХВ во Скопје: Состојбата со месните производи уште позагрижувачка од млечните, се откриваат огромни отстапувања

    03.06.2026 во 11:51

    Ѓорѓиевски од Брисел: Општините имаат клучна улога во евроинтеграцискиот процес и реформите

    03.06.2026 во 11:45

    Полицијата му влегла дома – Кумановчанец заврши со лисици на рацете

    03.06.2026 во 11:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Контроли на АХВ во Скопје: Состојбата со месните производи уште позагрижувачка од млечните, се откриваат огромни отстапувања
    • Ѓорѓиевски од Брисел: Општините имаат клучна улога во евроинтеграцискиот процес и реформите
    • Полицијата му влегла дома – Кумановчанец заврши со лисици на рацете
    • Пазарите под притисок: Скокна цената на нафтата
    • ФОТО: МВР со засилени контроли на мотоцикли, мопеди и електрични тротинети
    • Дел од Скопје утре без струја: Погледнете кои улици ќе имаат прекин
    • Напад со дрон врз патнички автобус во Јенакиево: Седум лица загинаа, меѓу повредените има и дете
    • Градоначалник на СДСМ доби кривична пријава за злоупотреба на службена положба
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Контроли на АХВ во Скопје: Состојбата со месните производи уште позагрижувачка од млечните, се откриваат огромни отстапувања

    Контроли на АХВ во Скопје: Состојбата со месните производи уште позагрижувачка од млечните, се откриваат огромни отстапувања

    03.06.2026 во 11:512 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Оператори со храна свесно ги доведуваат во заблуда потрошувачите преку продажба на производи чиј состав не одговара на наведеното на самите декларации, покажаа најновите анализи на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Примероците со недозволени состојки, како растителни масти, се лоцирани главно во млечната и месната индустрија.

    Гостувајќи во емисијата „Директно“ на телевизија Телма, Светлана Колариќ од АХВ информираше дека по налог на директорот на Агенцијата, во март биле спроведени засилени инспекции низ малопродажната мрежа во Скопје. Притоа, инспекторите зеле вкупно 91 мостра, поделени на 45 примери од млечни производи и млеко и 46 од сувомеснати производи.

    Колариќ детално ги образложи резултатите кои покажале кршење на пропишаните стандарди кај храната.

    „Во делот на млечните производи, анализата покажа присуство на растителна маст. Тоа е строго забрането кај производите како што се млекото, сирењето, кашкавалот, павлаката и путерот, бидејќи тие имаат загарантирано име и точно се знае каков треба да биде нивниот состав“, изјави Колариќ.

    Дополнително, претставничката на АХВ посочи дека состојбата со месните производи е уште позагрижувачка, со оглед на тоа што кај нив се забележани значително поголеми отстапувања од пропишаниот квалитет.

    Јавноста сè уште ги чека имињата на конкретните компании кои вршат вакви манипулации на пазарот, а од АХВ најавуваат дека тоа ќе се случи набрзо.

    „Поради притисокот на јавноста, штом ќе се анализираат сите податоци, имињата на сите производители и оператори кои го прекршиле законот ќе бидат јавно објавени. Потрошувачот е секогаш во право и мора да биде информиран кога некој му ја нарушува довербата со лажни декларации“, потенцираше таа.

    Воедно, Колариќ ги отфрли обвинувањата дека Агенцијата застанува во заштита на производителите, посочувајќи ги минатите акции за уништување небезбедна храна и блокирање на сомнителни пратки на граничните премини.

    „Ако ги штитевме производителите, немаше да бидеме толку актуелни со откривање на небезбедна и неквалитетна храна. Нашата примарна цел е заштита на потрошувачите“, заклучи Колариќ во своето гостување.

    Прочитај повеќе

    Ѓорѓиевски од Брисел: Општините имаат клучна улога во евроинтеграцискиот процес и реформите

    03.06.2026 во 11:45

    Полицијата му влегла дома – Кумановчанец заврши со лисици на рацете

    03.06.2026 во 11:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.