Close Menu
Press24
    Најново

    Марта Кос: Уставните измени остануваат неопходен чекор, до 2028 година може да станете нова членка

    08.07.2026 во 14:20

    Мицкоски: Покажавме дека реформите не се декларативна определба, туку конкретна работа

    08.07.2026 во 14:16

    Машки труп пронајден во Пчиња

    08.07.2026 во 14:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Марта Кос: Уставните измени остануваат неопходен чекор, до 2028 година може да станете нова членка
    • Мицкоски: Покажавме дека реформите не се декларативна определба, туку конкретна работа
    • Машки труп пронајден во Пчиња
    • Дури 25 лица без возачка седнале зад волан, полицијата апсела низ цела држава
    • Почината жена пронајдена во стан во Кисела Вода
    • Уставен суд нема мнозинство за да одлучува за претставката на Левица – ќе се гласа на некоја идна седница
    • МФ: Нови 2,4 милиони евра за домашните компании, трансферирани средствата од централниот Буџет кон Развојната банка
    • Запленети 200.000 лажни кинески кондоми ширум Европа
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Претседателката Сиљановска ќе ја посети изложбата „Од глаголица до светлина“ во Братислава

    Претседателката Сиљановска ќе ја посети изложбата „Од глаголица до светлина“ во Братислава

    03.06.2026 во 08:141 Min Read
    Кабинет на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе го посети Националниот центар за култура и образование во Братислава, каде што е поставена изложбата „Од глаголица до светлина: Визуелна ода за Светите Кирил и Методиј“.

    На изложбата се претставени дела од македонските уметници Ана Митевска, Ангел Коруновски, Лазе Трипков и Александра Костадиновска, под кураторство на Кирил Пенушлиски.

    Преку сликарство, фотографија и современи визуелни изрази, авторите го истражуваат односот меѓу историската меморија и современата уметност, инспирирани од духовното и културното наследство на Светите Кирил и Методиј, глаголицата и словенската писменост.

    Според организаторите, изложбата нуди современ поглед на културното наследство, претставувајќи го како жива духовна и визуелна вредност што и денес комуницира со современото општество.

    Изложбата е отворена од 27 мај и ќе може да се посети до 16 јуни. Реализирана е со поддршка на македонската Амбасада во Братислава и Министерството за култура и туризам.

    Влада
    Прочитај повеќе

    Марта Кос: Уставните измени остануваат неопходен чекор, до 2028 година може да станете нова членка

    08.07.2026 во 14:20

    Мицкоски: Покажавме дека реформите не се декларативна определба, туку конкретна работа

    08.07.2026 во 14:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.