Мицкоски вели дека помислил дека антикорупцискиот закон на Фронтот за вистина и правда е за рубриката „Верувале или не“, велат од СДСМ.
„Па да му објасниме.
Постојат два СДСМ во неговата глава.
Едниот е оној што секој ден го напаѓа преку 40% од медиумите на криминална група ВМРО под Орбан. Со сите лаги за згради од 42 ката во Дубаи, Венеција, Харис Џиновиќ, Сент Мориц…
Другиот е вистинскиот СДСМ, оној што сруши режимот заедно со граѓаните, што овозможи враќање на слободата и демократијата, и независни судови и обвинителство коишто го осудија најголемиот криминалец во Македонија, Груевски, кој е во бегство.
Истиот Груевски што Мицкоски го брани, го штити и одбива да ги испрати документите за негова екстрадиција.
Оној за кој Мицкоски лажеше, иако знаел дека има унгарско државјанство.
А во реланоста има еден вистински СДСМ – што ќе ги ослободи обвинителството и судовите, па тие независни правосудни институции како во секоја демократска земја ќе го осудат и Христијан Мицкоски за криминал и корупција, како водач на организирана криминална група ВМРО.
Тогаш, кога ќе ја чита рубриката „Верувале или не“, навистина ќе верува. Затоа што ќе ја чита од Идризово.
Денот на вистината и правдата се ближи.
Тогаш нема да може да си поставува свои судии, свои обвинители и да има „чувство“.
Тогаш власта ќе биде во рацете на граѓаните на Македонија.
Тогаш „чувство“ ќе имаат граѓаните.
Реформи сега. Европа сега“, стои во соопштението од СДСМ.

