Close Menu
Press24
    Најново

    Приведен полицаец – пукал со службениот пиштол пред ресторан во Кратово

    02.08.2026 во 16:02

    Семејна драма во неготинско: Пијан син се самоповредил со остар предмет, па го нападнал татка си

    02.08.2026 во 15:50

    Пожар во маркет во центарот на Скопје: Горела кујната за готови јадења

    02.08.2026 во 15:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Приведен полицаец – пукал со службениот пиштол пред ресторан во Кратово
    • Семејна драма во неготинско: Пијан син се самоповредил со остар предмет, па го нападнал татка си
    • Пожар во маркет во центарот на Скопје: Горела кујната за готови јадења
    • Берово: Четиригодишно девојче итно пренесено во болница откако проголтало капсула за перење
    • Драма во Охрид: По расправија за паркинг, 73-годишник вперил пиштол кон скопјанец
    • Тошковски на Илинден од Пелинце: Да ја јакнеме државата и да ги негуваме вредностите што ни ги оставија илинденците и асномците
    • Змија влегла во куќа во струмичко – интервенирале пожарникарите
    • Гори кај Кванташки пазар – ЦУК со најнови детали
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски за акцијата на АХВ: Нема ризик по здравјето, но се руши довербата на потрошувачите

    Мицкоски за акцијата на АХВ: Нема ризик по здравјето, но се руши довербата на потрошувачите

    02.06.2026 во 12:342 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја коментираше акцијата на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), која откри дека дел од млечните производи на пазарот содржат помалку млечни масти од она што е наведено на самите декларации.

    Шефот на владата потенцираше дека во овој случај клучна е безбедноста на граѓаните, но упати критика до компаниите кои правеле манипулации со квалитетот.

    „Најважното прашање е дали постои ризик по здравјето на граѓаните. Во конкретниот случај не станува збор за производи што директно би можеле да го загрозат здравјето. Сепак, проблемот е што декларираниот состав не се совпаѓа со резултатите од лабораториските анализи. Доколку тоа навистина се случувало, тогаш оправдано се поставува прашањето што сè се случувало во минатото. Станува збор за редовни контроли и проверки. Таквите контроли ќе продолжат и кај други производи. Штетата не е само морална, туку и финансиска. Сметам дека во вакви случаи под знак прашање се доведуваат и угледот на производителите и довербата на потрошувачите“, изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашње по отворањето на новиот базен Карпош.

    Премиерот појасни дека инспекцијата не била вонредна, туку се работи за редовна контрола, додавајќи дека АХВ ќе продолжи, согласно своите законски надлежности, да ги презема сите неопходни мерки во овој случај.

    Претходно, АХВ соопшти дека открила сериозни измами кај поголемите синџири маркети во земјава. Инспекторите тестирале вкупно 91 мостра од млеко, млечни и сувомесни производи од домашно производство и од увоз.

    Од анализираните 45 мостри од млечната индустрија, кај дури 10 оператори со храна е констатирано дека производите отстапуваат од Правилникот за квалитет на земјоделските производи поради помал процент на млечни масти.

    Поради лажно прикажување на процентите, АХВ веќе казни уште осум други оператори со храна. Овие производители и увозници ќе мора да платат парични казни во износ од по 1.050 евра во денарска противвредност за утврдените отстапки во нивните производи.

    Прочитај повеќе

    Андоновски од Смилево: Илинден е вредносен систем – непокор, слобода и иднина

    02.08.2026 во 11:25

    Делегација на СДСМ оддаде почит во Пелинце по повод Денот на Републиката

    02.08.2026 во 10:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.