Трагедија ја потресе Македонија кога оперскиот пејач Ристе Велков, на 51-година почина заедно со синот Адам Велков (20) и негови другари Марко Ѓорѓиевски и Петар Миланов, во страотна сообраќајка на 21. мај. на обиколницата на Град Скопје, помеѓу надвозникот Визбегово и клучката Мирковци, кога Б.Б. (76) од Косово, управувајќи камион изгубил контрола и преминал преку металната ограда во спротивната насока на автопатот.
Сопругата на Ристе Велков, Христина Велкова, се огласи на Фејсбук профилот, со потресни стихови за својот сопруг.
Никогаш нема да те заборавам.
Не ме заборавај
Мојот живот врзан за тебе
Те сакам сè повеќе и повеќе
Во мојот сон остануваш
Не ме заборавај
Мојот живот врзан за тебе
Секогаш има гнездо во моето срце за тебе
Не ме заборавај.
Не ме заборавај!

