МВР денеска информира дека е извршен претрес во Гостивар, каде лишено од слобода е едно лице, осомничено за сторени повеќе кривични дела
-На 01.06.2026 во 17:00 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Т.Џ.(50) од Гостивар. Претходно, по добиена судска наредба, бил извршен претрес во неговиот дом во врска со кривични дела по член 237, 396 и 215 од Кривичниот законик. При претресот, во една од собите била пронајдена облека поврзана со кривично дело „разбојништво“ (член 237), додека на балконот била пронајдена саксија со две стебла од растението канабис.
Пронајдените предметите се одземени, тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од полицијата.

