Close Menu
Press24
    Најново

    Без вода и без струја утре повеќе улици во Скопје

    08.07.2026 во 21:23

    Филипче: Македонија касни цела година со реформите, додека регионот оди напред

    08.07.2026 во 21:01

    Филипче: СДСМ е единствената партија која толку силно се бори против криминалната власт

    08.07.2026 во 20:40
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Без вода и без струја утре повеќе улици во Скопје
    • Филипче: Македонија касни цела година со реформите, додека регионот оди напред
    • Филипче: СДСМ е единствената партија која толку силно се бори против криминалната власт
    • Зеленски: На состанокот со Трамп нагласена потребата од зајакнување на украинската противвоздушна одбрана
    • Јанкуловски: Овој ребаланс е доказ дека Владата прави историски најголеми издвојувања за општините
    • Филипче: Гласањето по пошта отвора сомнеж за кражба на изборите
    • Над 200.000 лажни кондоми откриени во држави во и надвор од ЕУ
    • Иран се закани дека ќе ја блокира Ормуската теснина откако Трамп најави нови напади
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Денеска се празнува Свети Талалеј – лекарот кој пострада за христијанската вера

    Денеска се празнува Свети Талалеј – лекарот кој пострада за христијанската вера

    02.06.2026 во 09:062 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Православните верници денеска го одбележуваат споменот на Свети Талалеј, кој според црковните записи е родум од Либан, од татко Верукиј и мајка Ромилија. Тој бил осумнаесетгодишно момче со прекрасен изглед, со коса црвеножолта, а по занимање бил лекар.

    Талалеј пострадал за Христа за време на царувањето на царот Нумеријан во третиот век од новата ера.

    Кога храбро ја исповедаше својата вера во Господ Христос пред мачителот, Нумеријан им нареди на двајцата џелати Александар и Астериј со сврдел да му ги дупчат колената, да му провлечат јаже низ издупчените коски и да го обесат за едно дрво.

    Сепак, на џелатите како една невидлива сила да им го зеде видот и наместо Талалеј тие издупчија една штица и ја обесија на дрвото. Кога дозна за ова мачителот помисли дека тоа го направиле намерно и нареди да ги бијат.

    Тогаш Александар и Астериј повикаа: „Жив Господ, отсега и ние сме христијани, веруваме во Христа и страдаме за Него!“ по што мачителот нареди веднаш да бидат убиени со меч.

    По овој настан, самиот мачител зеде сврдел за да му ги дупчи колената на Талалеј, но рацете му премалеа. Тој мораше да го моли Талалеј да го спаси, а овој тоа и го стори со молитва, по што бил фрлен во вода, но повторно жив му се јави на мачителот бидејќи во себе Го молеше Бога да не умре веднаш, туку да му се продолжат маките.

    Сведоштвата говорат дека кога подоцна го фрлија на ѕверовите, тие се умилкуваа околу него и му ги лижеа нозете.

    Најпосле, по сите измачувања, Свети Талалеј беше убиен со меч и се пресели во Царството Небесно, во 284 година.

    Прочитај повеќе

    Скок од мост во поплава

    08.07.2026 во 12:06

    Како е опишано раѓањето на св. Јован (Иванден) од страна на евангелистот Лука

    07.07.2026 во 23:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.