Close Menu
Press24
    Најново

    Возел без дозвола, направил сообраќајка и избегал – МВР го фати

    29.10.2026 во 09:47

    Љубовен пресврт за едни, успех на работа за други: Хороскоп за 29 октомври

    29.10.2026 во 09:38

    Валандово со проекти вредни милиони денари, финансиска поддршка и за учениците

    29.10.2026 во 09:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Возел без дозвола, направил сообраќајка и избегал – МВР го фати
    • Љубовен пресврт за едни, успех на работа за други: Хороскоп за 29 октомври
    • Валандово со проекти вредни милиони денари, финансиска поддршка и за учениците
    • ФОТО: Два тона небезбедно месо ќе се уништува на Дрисла – Се продавалло преку социјални мрежи
    • ВМРО-ДПМНЕ: Го чекаа со црвен тепих а сега Филипче и СДСМ се обидуваат да се дистанцираат од Вучиќ
    • Паркот во Градски ѕид доби нови содржини и 90 нови садници и дрвја
    • Утрово голема акција: Претреси низ Македонија – под истрага приватни болници и екс директор на ФЗОМ
    • Мицкоски: Градиме посилна и современа држава, 535 нови возила за шест сектори
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » За првпат во Македонија ќе се полага три вида матура

    За првпат во Македонија ќе се полага три вида матура

    01.06.2026 во 18:412 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    За првпат во државата ќе се полага три вида матура, државна, државна стручна и државно уметничка. На жешките столчиња в сабота ќе седнат повеќе од 14 илјади ученици за да го полагаат првиот екстерен испит. Надлежните уверуваат дека подготовките се завршени, а тестовите се подготвени за навремена дистрибуција до испитните центри низ државата.

    „Програмите меѓу гимназијалците и средните училишта се разликуваат во определени сегменти. До минатата година правевме пресек, но сега веќе секој вид на образование има своја испитна програма.  Олеснувањето е во тоа што нели ученикот полага тест согласно тоа што го работел во последните четири години, нема потреба сега да правиме пресек, сега тие содржини..овие се работени, овие не се работени. Се е во интерес на учениците, ова е нешто што требало одамна да се случи“, изјави  Даниела Јовчевска Михајловска, директорка на ДИЦ.

    Најголем интерес има за државна матура над 12.000 ученици, повеќе од две илјади мауранти ќе полагаат државна стручна матура, додека 127 кандидати државна уметничка матура. Учениците и оваа година ќе полагаат во спортските сали и холови, но и во амфитеатрите на универзитетите во зависност од тоа дали училиштатата располагаат со соодветен простор.

    „Оваа година се ангажирани околу 2.500 тестатори. На група од 15 ученици имаме еден тестатор, поркај тоа имаме и резервни тестатори и повеќе од 200 набљудувачи коишто ќе бидат на местата каде што ќе се реализира матурата“, додаде диекторката.

    Електронските уреди се строго забранети, а надлежните увееруваат дека ќе има најстроги казни за сите кои ќе ги прекршат правилата.

    Државната матура и годинава останува еден од најважните образовни предизвици за средношколците, а вниманието е насочено кон тоа испитниот процес да се реализира без регуларности што не беше случај во изминатите години кога беа формирани Вибер групи за препишување по англиски јазик.

    Прочитај повеќе

    Возел без дозвола, направил сообраќајка и избегал – МВР го фати

    29.10.2026 во 09:47

    Валандово со проекти вредни милиони денари, финансиска поддршка и за учениците

    29.10.2026 во 09:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.