Close Menu
Press24
    Најново

    Пред Собранието ќе одекне гласот на децата против насилството

    01.06.2026 во 07:45

    Филипче: Внесувањето на Бугарите во Уставот нема да го загрози македонскиот идентитет

    01.06.2026 во 07:41

    Ќе се прска против комарци во Скопје

    01.06.2026 во 07:40
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Пред Собранието ќе одекне гласот на децата против насилството
    • Филипче: Внесувањето на Бугарите во Уставот нема да го загрози македонскиот идентитет
    • Ќе се прска против комарци во Скопје
    • Гаши и Муцунски ќе се обратат на 14. пленарна сесија на Меѓународниот парламент за толеранција и мир
    • Сонце и 34 степени, па силно невреме – Од четврток времето се менува
    • Близнаците на Џенифер Лопез полнат 18 години: Сакам да одат на колеџ, но плачам зашто ќе заминат од дома
    • Николоски: Во Новаци инвестираме 1,2 милиони евра во изградба на индустриска зона и улици, а веќе се градт и првите две фабрики
    • Иран нема да одобри никаков договор со САД без гаранции за неговите права
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Пред Собранието ќе одекне гласот на децата против насилството

    Пред Собранието ќе одекне гласот на децата против насилството

    01.06.2026 во 07:451 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    По повод 1 Јуни – Меѓународниот ден на детето, Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ денеска пред Собранието организира изведба на социјален танц-театар, подготвена од ученици од СУГС „Јосип Броз Тито“ од Скопје и СОУ „Гостивар“ од Гостивар.

    Локацијата на настанот е избрана симболично – пред законодавниот дом, како место каде што се носат важни одлуки, со цел да се испрати порака дека заштитата на децата од насилство, како и нивната безбедност и благосостојба, мора да бидат врвен општествен и институционален приоритет.

    Од МЕЃАШИ потсетуваат дека иако учебната година привршува, предизвиците со кои се соочуваат децата не завршуваат со последното училишно ѕвонче.

    „Следува нова учебна година, нови генерации и деца кои ќе имаат потреба од безбедна, поддржувачка и ненасилна училишна средина“, наведуваат од организацијата.

    Преку социјален танц-театар како форма на ангажирана уметност, учениците ќе прикажат дел од секојдневните искуства на насилство, отфрленост и осаменост со кои се соочуваат многу деца во училиштата, а кои често остануваат незабележани од возрасните.

    Од МЕЃАШИ нагласуваат дека со овој настап младите испраќаат повик за поголема одговорност, емпатија и конкретни мерки за превенција и заштита на децата од сите облици на насилство и социјално исклучување.

    Top News
    Прочитај повеќе

    Филипче: Внесувањето на Бугарите во Уставот нема да го загрози македонскиот идентитет

    01.06.2026 во 07:41

    Ќе се прска против комарци во Скопје

    01.06.2026 во 07:40
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.