Close Menu
Press24
    Најново

    Како е опишано раѓањето на св. Јован (Иванден) од страна на евангелистот Лука

    07.07.2026 во 23:42

    Ќоку: За ВЛЕН важно е дијаспората да гласа без разлика на формата, но да бидат во согласност со меѓународните стандарди

    07.07.2026 во 23:17

    Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години

    07.07.2026 во 23:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Како е опишано раѓањето на св. Јован (Иванден) од страна на евангелистот Лука
    • Ќоку: За ВЛЕН важно е дијаспората да гласа без разлика на формата, но да бидат во согласност со меѓународните стандарди
    • Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години
    • По 25 години – нов етички кодекс за новинарите
    • Фредериксен: Гренланд не е на продажба
    • Минчев во Струмица: ЗНАМ продолжува со работни средби со локалните организации и членството
    • Битиќи: Ребалансот е фактура за владиниот дебакл, дефицитот руши рекорди, а власта крати од граѓаните и инвестициите
    • Конески: Владината мерка за студентско практикантство ќе ги доближи младите до институциите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » МВР апси без пардон: Зад рештки мажот кој ја нападна својата сопруга во скопски Центар

    МВР апси без пардон: Зад рештки мажот кој ја нападна својата сопруга во скопски Центар

    30.05.2026 во 14:002 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    По објавите и информациите споделени на социјалните мрежи во врска со случај на семејно насилство, полициските службеници веднаш постапија и ги презедоа сите неопходни мерки и активности за пронаоѓање на сторителот и заштита на жртвите.

    На 29.05.2026 година, околу 11:40 часот, во СВР Скопје од страна на очевидец било пријавено дека на подрачјето на Центар, машко лице физички ја нападнало својата сопруга. Веднаш по пријавата, полициските службеници презеле мерки и активности за пронаоѓање на сторителот и заштита на жртвата. По преземените активности било утврдено дека лицата се од Велес, по што од страна на полициски службеници од СВР Велес биле преземени дополнителни мерки за негово пронаоѓање.

    Откако лицето Џ.Б. (48) од Велес, заедно со неговата 43-годишна сопруга, се вратиле во нивниот дом, тој повторно извршил физички напад врз сопругата и нивната малолетна ќерка, при што им упатувал закани со остар предмет. Благодарение на брзата и координирана реакција на полициските службеници од СВР Скопје и СВР Велес, лицето во 21:00 часот било лишено од слобода. Остриот предмет бил пронајден и одземен, а сторителот бил задржан во полициска станица.

    За настанот се известени јавен обвинител и Центарот за социјални работи Велес, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

    Упатуваме апел до сите граѓани, доколку се сведоци или жртви на семејно насилство, истото веднаш да го пријават во полиција или до надлежните институции. Навременото пријавување овозможува брза реакција и соодветна заштита на жртвите.

    Прочитај повеќе

    Млада скопјанка пронајдена почината во стан во Аеродром

    07.07.2026 во 14:01

    Велешанка го избодела вонбрачниот партнер

    07.07.2026 во 12:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.