Close Menu
Press24
    Најново

    Властите ги мобилизираат сите капацитети против западнонилската треска: Воведени вонредни контроли и СМС-препораки

    17.08.2026 во 14:12

    Најчести резервоари на западнонилска треска се гавраните – Клековски со апел до граѓаните

    17.08.2026 во 13:45

    Костовски: Создаваме нов простор за прошетка, рекреација и дружење

    17.08.2026 во 19:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • СДСМ: Каде се дневните анализи на водата во Гостивар?
    • Утрово во 8 часот: Ова се температурите низ Македонија – Подгответе се за невреме
    • Од денеска поскап бензин и дизел
    • Почна уписот на УКИМ – Колку слободни места има на факултетите?
    • Исклучување во 8:30 – Неколку скопски улици без вода
    • Пожарите не стивнуваат: ЦУК со пресек за состојбата утрово во Македонија
    • 18 Август-Ден на Армијата: Централна свеченост во Охрид, почесна артилериска стрелба во Скопје
    • Армијата го слави 34. роденден – Доверлив НАТО сојузник и важен фактор во регионалната безбедност
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ФОТО) „Крај за бркањето глодари и неисправни бојлери“: Јаневска најави модерни услови во реновираните студентски домови од новата академска година

    (ФОТО) „Крај за бркањето глодари и неисправни бојлери“: Јаневска најави модерни услови во реновираните студентски домови од новата академска година

    28.05.2026 во 12:332 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Државните студентски домови „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски – Питу“ во Скопје се првите два кои целосно ќе бидат реновирани и пуштени во употреба на стартот на новата академска година. Градежните работи се одвиваат паралелно и ќе завршат во јули, по што ќе следи комплетно опремување на собите и просториите.

    Министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, денеска направи увид во активностите при посетата на студентскиот дом во Автокоманда. Таа најави дека објектите ќе понудат значително повисок стандард за младите.

    „Условите ќе бидат модерни, по високи европски стандарди за сместување, но и за енергетска ефикасност. Сигурна сум дека студентите ќе уживаат во престојот. Нема да има бркање глодари и инсекти, нема да има промаја, лепени прозорци и неисправни тоалети и бојлери. Дополнително за сето тоа да се одржува и трае, го менуваме и моделот на финансирање. Се разбира, чувањето на објектите и одржувањето на опремата зависи и од самите студенти“, рече Јаневска.

    Јаневска додаде дека се обезбедени средства за почеток на реконструкција и во останатите 7 државни студентски домови. За овој проект таа упати благодарност до Европската унија, Германската развојна банка и Фондот за инвестиции на Западен Балкан, појаснувајќи дека вкупниот буџет изнесува околу 50 милиони евра, од кои над 10 милиони се неповратни грантови.

    „Продолжуваме да го подобруваме студентскиот стандард, условите за едукација, сместување и престој, како и да обезбедуваме финансиски олеснителни права и средства за поддршка, бидејќи младите се најважните граѓани на Македонија и без нив не можеме да очекуваме перспективна иднина. Целта е да ги задржиме тука и да бидат задоволни од грижата од државата“, нагласи министерката.

    Во однос на останатите студентски мерки, Јаневска потсети на проширениот опфат на субвенционираниот оброк, ИТ ваучерите, бесплатниот градски превоз во Скопје и дигитализацијата на апликациите, отфрлајќи ги тврдењата на опозицијата дека ќе се кратат стипендиите.

    „Повторно ќе имаме 3000 стипендии во новата академска година, а дури ќе понудиме и нова категорија – за прв пат за студенти со попреченост и ретки болести, со што ќе одговориме на барањата на нивните здруженија и политиките на стипендирање ќе стануат поинклузивни и во согласност со барањата на ЕУ“, истакна Јаневска.

    Прочитај повеќе

    Исклучување во 8:30 – Неколку скопски улици без вода

    18.08.2026 во 08:11

    Вонредно прскање против комарци во Ѓорче Петров

    17.08.2026 во 22:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.