Close Menu
    Најново

    Мухамет Хоџа и Беким Сали се нови министри во тимот на Мицкоски

    24.12.2025 во 16:07

    Пресврт за пожарот во тетовската модуларна болница: Зголемени затворските казни на двајцата директори

    24.12.2025 во 16:01

    УЈП со важно соопштение до граѓаните

    24.12.2025 во 15:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Мухамет Хоџа и Беким Сали се нови министри во тимот на Мицкоски
    • Пресврт за пожарот во тетовската модуларна болница: Зголемени затворските казни на двајцата директори
    • УЈП со важно соопштение до граѓаните
    • Тренчевска: Нема пари за поголеми плати
    • Сиљановска-Давкова со честитка за Божиќ: Празниците да бидат поттик за солидарност и взаемно почитување
    • Кривични пријави за поранешниот градоначалник на Пробиштип и двајца општинари: Потпишале одобрение за ресторан кој не смеел да се гради
    • Тренчевска: Разрешувањето на Муртезани е само политичка шминка
    • ВМРО-ДПМНЕ: Министерката Божиновска нема бугарски пасош
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Донатела Версаче замина во пензија

    Донатела Версаче замина во пензија

    27.03.2025 во 15:41
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Заминувањето на Донатела Версаче од челната позиција на „Версаче“ предизвика „потрес” во модниот свет, а токму таа беше заслужна за неколку тоалети на црвениот тепих што го освоија целиот свет. Меѓу нив е и „најпознатиот фустан на светот”- од 2000 година.

    Донатела Версаче го презеде претседателствто во 1997 година, кога нејзиниот брат Џани Версаче беше убиен на свои 50 години. А сега, првпат во 47-годишната историја, со луксузниот моден бренд ќе управува некој без презимето Версаче. Тоа, откако Донатела објави дека се повлекува од своето место и оти нејзиното место ќе го заземе Дарио Витале – некогашниот главен креативен директор на брендот „Миу Миу“ (Miu Miu).

    „Ми беше најголема чест во животот да го продолжам наследството на мојот брат Џани. Тој беше вистински гениј, па се надевам дека имам малку од неговиот дух и упорност. Во мојата нова улога како главен амбасадор на брендот, ќе останам најстрастниот поддржувач на ‘Версаче’. ‘Версаче’ е во мојата ДНК и секогаш во моето срце“, напиша Донатела на својот интернет-простор.

    Меѓу најпознатите нејзини креации, секако е фустанот „што го урна интернетот“, а којшто Џенифер Лопез го носеше на доделувањето на „Греми“-наградите во 2000 година. Тоалетата беше толку впечатлива што бројот на пребарувања на „Гугл“ доведе до создавање на опцијата „Гугл имиџис“ (Google Images) – пребарување по слики.

    – Фустанот беше доволно провокативен, претпоставувам, за навистина да ги заинтересира луѓето, изјави Лопез на 20-годишнината од првото облекување.

    Меѓу познатите „парчиња“ облека на „Версаче“ е она што го носеше Бритни Спирс во 2003 година во Милано, на Џенифер Гарнер во филмот „Од 13 на 30“ (13 Going on 30), на Анџелина Џоли за премиерата на филмот „Господин и госпоѓа Смит“, како и на Блејк Лајвли за „Мет-галата“ во 2018 година.

    Популарно

    Подгответе се за снег и студ: УХМР со најнова прогноза

    23.12.2025 во 17:58

    Грета Тунберг уапсена во Лондон

    23.12.2025 во 17:39

    По дождот и снегот следува голем пресврт на времето: УХМР со најнова прогноза

    24.12.2025 во 11:59

    Крај на паркинг-хаосот во „Мајка Тереза“: Клинички центар добива дигитален водич и нов систем за паркирање

    24.12.2025 во 09:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.