Close Menu
Press24
    Најново

    Зеленски најави мировни преговори во Абу Даби од 6 до 10 ноември

    28.10.2026 во 18:27

    Владимир Путин го нарече Илон Маск „вистински гениј“

    28.10.2026 во 18:11

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Зеленски најави мировни преговори во Абу Даби од 6 до 10 ноември
    • Владимир Путин го нарече Илон Маск „вистински гениј“
    • СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?
    • Пронајден и казнет возачот кој возеше автомобил по велосипедска патека во Бутел
    • Цената на нафтата „Брент“ падна под 115 долари за барел
    • Шпанија: Поранешната министерка Фатима Бањес меѓу загинатите во железничката несреќа кај Толедо
    • Студентите бараат 200 денари за оброк
    • Приведените за двете убиства во Ѓорче Петров признале во полиција – жртвите биле врзувани и претепувани
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Јаневска: Учениците од прво, второ и трето одделение годинава ќе добијат електронски и печатени свидетелства

    Јаневска: Учениците од прво, второ и трето одделение годинава ќе добијат електронски и печатени свидетелства

    27.05.2026 во 14:42Updated:27.05.2026 во 14:432 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Учениците од прво, второ и трето одделение годинава ќе добијат електронски свидетелства, но поради почетната фаза на процесот, паралелно ќе им бидат доделени и печатени верзии, потврди денеска министерката за образование Весна Јаневска. Според планот, следната година дигитализацијата ќе опфати уште три одделенија, а целиот процес треба да биде заокружен до 2028 година.

    Јаневска појасни дека новата пракса значително ќе им ја олесни работата на наставниците, кои наместо рачно, податоците ќе ги пополнуваат компјутерски преку е-дневникот, со што ќе се намалат грешките и ќе се заштеди време.

    -Од оваа година воведуваме електронски свидетелства од прво до трето одделение. Со оглед дека е прва година ќе има и печатени свидетелства, зашто очекуваме наставниците да се прилагодат на новите електронски свидетелства, што ќе биде огромно олеснување за нив. Наместо да пишуваат на рака свидетелства, тие ќе можат на компјутер да ги пополнат свидетелствата — ем побрзо, ем поефикасно, ем без грешки, зашто податоците се влечат од е-дневник. И оваа година одиме паралелно, од догодина ги додаваме новите три одделенија — четврто, петто и шесто и од догодина ќе одиме само со електронски свидетелства, за третата година да го завршиме и деветто. Со нив заштедуваме на хартија, намалуваме загадување, ја олеснуваме работата на наставниците и, дополнително, системот за упис во средно ќе ги влече податоците од самите училишта. Тоа е релативно голем напредок за работата, односно за дигитализација на процедурите во училиштата и погодност и за наставниците, и за родителите, и за учениците, рече Јаневска.

    Во однос на реформите во високото образование, министерката информираше дека законите за високо образование, за обезбедување квалитет и за научно-истражувачка дејност се подготвуваат во пакет и наскоро ќе се најдат на владина седница по усогласувањето со Секретаријатот за законодавство.

    -Законодавство заврши два закона. Има забелешки кои не се суштински, но се повеќе од правен и номотехнички аспект. И ние сега, тоа се вика усогласување, ги прифаќаме или не ги прифаќаме. Сметам дека она што го повидов не е проблем да ги прифатиме сите. Законот за наука сѐ уште се обработува, но јас очекувам во текот на идната недела комплетно да бидеме усогласени. Тоа е веќе владина процедура. И штом се усогласиме со законодавство, значи ја имаме последната верзија, таа ќе оди на владина седница, истакна Јаневска пред потпишувањето Меморандум за соработка на Градежниот и Економскиот факултет со два германски универзитета во областа на циркуларната економија.

    Прочитај повеќе

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56

    Пронајден и казнет возачот кој возеше автомобил по велосипедска патека во Бутел

    28.10.2026 во 17:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.