Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, денеска на прес-конференција упати сериозни обвинувања на сметка на лидерот на СДСМ, Венко Филипче. Тој тврди дека Филипче свесно премолчува пред пошироките барања на Официјална Софија кои директно удираат по македонскиот идентитет.
Според Манасиевски, уставните измени воопшто не се последниот услов од Бугарија, туку зад нив се крие план за целосно бришење на македонската историја.
Портпаролот ги соопшти деталните обвинувања насочени кон претседателот на СДСМ:
„Премиерот на Бугарија, Румен Радев излегува во јавноста и вели дека македонските револуционери како Гоце Делчев и Јане Сандански се Бугари, дејци како браќата Миладиновци исто така дека се Бугари, како и основоположниците на словенската писменост Кирил и Методиј, како Климент и Наум Охридски дека се дел од бугарската историја, а осуда од специјалниот бугарски пратеник во Македонија Венко Филипче нема. Радев вели дека македонскиот јазик и идентитет постојат од 1945 година, а Филипче не осудува.“
Од владејачката партија порачуваат дека граѓаните мора да знаат какви нови отстапки би следеле доколку опозицијата повторно добие можност да одлучува за државните позиции.
„Од авион се гледа дека Бугарија има пошироки барања кои директно навлегуваат во прашањата за македонскиот идентитет, историја и културно наследство, а не само за внесување на неколку илјади Бугари во Уставот. ВМРО-ДПМНЕ останува цврсто на ставот дека македонските национални интереси не смеат да бидат предмет на политички договори и трговија за власт“, дециден е Манасиевски.

