Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, заедно со Градежен факултет при УКИМ и Економски факултет при УКИМ, денеска во Ректоратот на УКИМ ќе потпише Меморандум за соработка во областа на циркуларната економија со партнерски институции од Северна Рајна-Вестфалија.
На настанот ќе присуствува и Весна Јаневска.
Настанот се организира во соработка со Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) GmbH, а Меморандумот ќе биде потпишан со Technische Hochschule Köln и FernUniversität Hagen.
Според организаторите, соработката ќе овозможи унапредување на меѓуинституционалната соработка во областа на зелената транзиција и циркуларната економија во градежништвото, што претставува дел од клучните цели на европската агенда за следната декада.
На настанот е најавено присуство и на Петра Дрекслер.

