Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) успешно спроведе контролирано уништување на неексплодирани убојни средства (НУС) на воениот полигон Криволак, пронајдени на подрачјето на Битола, најголем дел на локацијата Тумбекафе.
Станува збор за 1.080 парчиња НУС, меѓу кои рачни бомби и минофрлачки гранати од 60mm од Првата светска војна, со вкупна тежина од околу 500 до 600 килограми.
По преземањето на сите безбедносни мерки согласно стандардните оперативни процедури, средствата беа безбедно транспортирани и уништени од пиротехничарите и дополнителен тим на ДЗС на полигонот Криволак.
ДЗС информира дека околу 10 минути по палењето на фитилот за експлозив, неексплодираните убојни средства целосно се уништуваат, со претходно стручно определени количества соодветен експлозив поставен од пиротехничарите.
На оригиналниот видеоклип се прикажани моменти снимени од агол на пиротехничар на ДЗС, непосредно пред палењето на фитилот и почетокот на контролираното уништување на НУС на воениот полигон Криволак.

