Close Menu
Press24
    Најново

    Од полноќ нови цени на горивата – дизелот е поскап

    28.09.2026 во 09:30

    Се ближат продолжени викенди – Ова се неработните денови до крај на 2026

    25.09.2026 во 09:51

    Загинаа 27 лица – Хорор во Јоханесбург

    27.09.2026 во 11:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • „Мајката“ на Оземпик е Македонка и денеска ќе предава во МАНУ
    • Се подготвуваат нови евро банкноти – дали треба да ги смените старите?
    • Малолетник прегазен во скопски Чаир
    • Гаши во Саудиска Арабија
    • Истече мерката на Владата за поевтин дизел – ако не ја продолжат поскапувањето ќе биде големо
    • Вештачката интелигенција цица струја
    • Вучиќ си замина – до кога?
    • Од полноќ нови цени на горивата – дизелот е поскап
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » „Меѓу ѕвездите ќе одекнува твојот силен глас“: Познатите со потресни пораки се простуваат од оперскиот првенец Ристе Велков

    „Меѓу ѕвездите ќе одекнува твојот силен глас“: Познатите со потресни пораки се простуваат од оперскиот првенец Ристе Велков

    22.05.2026 во 13:522 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Бројот на јавни личности, професори и блиски пријатели кои преку социјалните мрежи изразуваат сочувство за трагичната смрт на баритонот Ристе Велков и младите момчиња континуирано расте.

    Виолета Ачкоска се прости од уметникот со емотивни зборови, нагласувајќи ја неговата патриотска и професионална трага во општеството.

    Таа во својата порака ја евоцираше личната болка од загубата на близок пријател кој остави силен белег во нејзиниот живот.

    „До следното видување драг Ристе. Чуствувам неизмерна болка бидејќи загубив искрен пријател, редок човек од оние кои ги сакам како најблиски. Македонија загуби голем патриот, борец против глобалистичкото зло и врвен уметник. Знам дека и меѓу sвездите ќе одекнува твојот силен глас. Вечна слава.“

    Истовремено, социјалните мрежи беа преплавени и со реакции од образовните институции во кои учеле настраданите момчиња Адам и Марко.

    Даниела Штерјова сподели порака во која ја истакна хуманата страна на починатиот оперски првенец и неговата поврзаност со најмладите.

    „Со огромна тага и неверување ја примивме веста за трагичната загуба на Ристе Велков, како и на нашите поранешни ученици Адам Велков и Марко Ѓорѓиевски. Ристе Велков не беше само врвен уметник и оперски првенец, туку и човек кој остави посебна трага и во нашето училиште. Пред неколку месеци, преку својот настап во ООУ „Петар Поп Арсов“, на нашите ученици им подари незаборавно музичко доживување исполнето со емоција, уметност и топлина. Во овие тешки и болни моменти, изразуваме најискрено сочувство до семејствата, блиските и пријателите. Нема зборови што можат да ја опишат болката и тагата што ја чувствуваме. Нека почиваат во мир.“

    Јавноста во земјава останува во неверување по синоќешната катастрофална сообраќајна несреќа во која згаснаа четири животи на скопската обиколница.

    Прочитај повеќе

    Малолетник прегазен во скопски Чаир

    28.09.2026 во 09:52

    Полициска интервенција во Неготино: Уапсен маж по пријава за физички напад врз сопругата

    27.09.2026 во 13:55
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.