Close Menu
Press24
    Најново

    Голема излезност на изборите во САД: Над 43 милиони Американци гласаа пред изборниот ден

    03.11.2026 во 22:53

    Трамп: Не сакам да убијам многу луѓе во Иран по меѓуизборите во САД

    03.11.2026 во 22:38

    Хоџа – Палминтери: Продлабочување на партнерството со Италија во областа на животната средина

    03.11.2026 во 22:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Голема излезност на изборите во САД: Над 43 милиони Американци гласаа пред изборниот ден
    • Трамп: Не сакам да убијам многу луѓе во Иран по меѓуизборите во САД
    • Хоџа – Палминтери: Продлабочување на партнерството со Италија во областа на животната средина
    • Малолетник со родител повикан во полициска станица, тепал 18-годишник
    • Ѓорѓиевски: Ќе градиме две нови училишта во Ѓорче Петров и Драчево
    • Жерновски: Алта банка е дел од бизнис шемата на Мицкоски и Вучиќ, a граѓаните ги плаќаат последиците
    • Метеоролошки биланс за октомври: Постудено и суво време со значителен дефицит на врнежи
    • Сиљановска-Давкова: ЕУ да покаже политичка волја и да понуди решенија за деблокада на евроинтеграциите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » УХМР со детални податоци: Најладно на Попова Шапка и Лазарополе

    УХМР со детални податоци: Најладно на Попова Шапка и Лазарополе

    22.05.2026 во 09:462 Mins Read
    ФОТО: Пресс24
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Најниската температура изутринава во Македонија е измерена на Попова Шапка и Лазарополе, каде се регистрирани шест степени, додека најтопло со 19 степени било во Скопје – Петровец.

    Според официјалните податоци од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), изутринава се измерени 7 степени во Маврови Анови, 9 во Охрид и Битола, а 10 степени во Крива Паланка, Крушево и Претор.

    Во останатите градови температурите се движеле од 11 степени во Берово, 12 во Виница, 13 во Прилеп и Демир Капија, 14 во Тетово, Струмица и Куманово, 15 во Штип и Кавадарци, 16 во Велес и 18 степени во Скопје-Зајчев Рид и Гевгелија.

    Времето во текот на денот ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

    „Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични прaзнења, силен ветер (над 60 km/h) и услови за појава на град“, предупредуваат од УХМР.

    Максималната температура на ниво на државата ќе се движи во интервал од 19 до 29 степени.

    Во Скопје не очекува променливо облачно време со сончеви периоди, а во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

    Ќе дува умерен, а повремено засилен ветер од северен правец, додека максималната температура во главниот град ќе достигне до 25 степени.

    Прочитај повеќе

    Хоџа – Палминтери: Продлабочување на партнерството со Италија во областа на животната средина

    03.11.2026 во 22:13

    Малолетник со родител повикан во полициска станица, тепал 18-годишник

    03.11.2026 во 21:55
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.