Close Menu
Press24
    Најново

    Цената на нафтата „Брент“ падна под 115 долари за барел

    28.10.2026 во 17:29

    Шпанија: Поранешната министерка Фатима Бањес меѓу загинатите во железничката несреќа кај Толедо

    28.10.2026 во 17:12

    Студентите бараат 200 денари за оброк

    28.10.2026 во 17:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Цената на нафтата „Брент“ падна под 115 долари за барел
    • Шпанија: Поранешната министерка Фатима Бањес меѓу загинатите во железничката несреќа кај Толедо
    • Студентите бараат 200 денари за оброк
    • Приведените за двете убиства во Ѓорче Петров признале во полиција – жртвите биле врзувани и претепувани
    • Неофицијално: Искра Хаџи Василева победи на изборите за шеф на Обвинителството за организиран криминал
    • Шест часа ќе нема струја – најавени исклучувања во неколку општини
    • Маж прославувал раѓање на дете, па по расправија со нож го прободел колегата – Инцидент во Батајница
    • Волк нападна осумгодишно девојче во зоолошка градина во Германија – итно префрлено со хеликоптер во болница
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Баритонот Ристе Велков е возачот на „бмв“-то во кое загинаа четворица

    Баритонот Ристе Велков е возачот на „бмв“-то во кое загинаа четворица

    22.05.2026 во 09:17Updated:22.05.2026 во 09:263 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Баритонот Ристе Велков од Македонската опера и балет е возачот на „бмв“-то во кое загинаа четворица во тешката сообраќајна несреќа што синоќа се случи на скопската обиколница, дознава Press24.

    Меѓу жртвите е и неговиот 20-годишен син, како и две негови другарчиња.

    За истражните органи до овој момент познати се идентитетите на тројца од жртвите, а се утврдува идентитетот на четвртото лице. Станува збор за 51-годишниот баритон Ристе Велков како и две лица на возраст од 20 години со иницијали А.В и П.М.

    МВР со официјални детали за несреќата на обиколница: Познат идентитетот на жртвите 

    Велков беше еден од водечките македонски баритони и еден од најхаризматичните оперски солисти.

    Роден е во 1975 г. во Скопје, Република Македонија. Како реномиран солист–ПРВЕНЕЦ на Македонската Опера и Балет,тој претежно настапува во Bellcanto  продукции, со што го заслужува и оправдува епитетот- италијански баритон со кадифена боја.

    Средно музичко училиште Завршува во Илија Николовски – Луј во Скопје,во 1994 година,во класата на проф. Марија Николовска, смер: соло-пеење. Дипломира на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот  Св. Кирил и Методиј  во Скопје,во 1999 година во класата на  м-р проф. Милка Ефтимова, смер: соло-пеење. Магистрира со највисока оцена Cum Laude во 2011 година на истиот факултет ФМУ, во класата на м-р проф. Билјана Јовановска Јакимовска, смер: соло-пеење. Во периодот 1995-2000 година,основите на оперското пеење ги стекнува и изучува кај македонскиот тенор Гога Трајанов.Се надоградува кај драмскиот тенор Стојан Стојанов Ганчев  од  Загреб,кај познатаите италијанските вокални педагози  Антонио Бојер и Мирела Паруто, и кај светски познатиот романски баритон Николај Херлеа.Од 2001 до 2017 година,специјализира на усовршување на вокалната техника, и  изработува поголем број на водечки баритонски улоги во приватното оперско студио на легендарниот и почитуван мајстор во светски рамки,бугарскиот баритон Стојан Попов од Софија.

    Во 1996 година како студент,дебитира во драмската претстава “Амадеус”, на сцената на Драмски Театар-Скопје.Во 1998 година Велков како студент дебитирал на 26-те Мајски Оперски Вечери на сцената на Македонскиот Народен Театар во Скопје,со улогата на Маруло во Риголето. Во 2009 година дебитирал на матичната сцена во Македонската Опера и Балет во Скопје со водечката  улога на Набуко во Набуко.Во 2016 година настапува во продукцијата на Tokyo Opera , со улогата на Џ.Жермон во Травијата, во Performing Arts Center Ryutopia во Ниигата,Јапонија.

    Во 2017 година настапува со солистички рецитал во Музеј куќата за музика-Борис Христов во Софија, Бугарија.

    Велков успешено гостува во Јапонија, Србија, Романија, Турција, Бугарија, а настапува  скоро на сите истакнати домашни фестивали, манифестации и настани: Охридско лето, Скопско лето,Штипско лето,Есенски Музички свечености,Мајски Оперски Вечери-Скопје, Интерфест- Битола итн.

    Прочитај повеќе

    Студентите бараат 200 денари за оброк

    28.10.2026 во 17:05

    Приведените за двете убиства во Ѓорче Петров признале во полиција – жртвите биле врзувани и претепувани

    28.10.2026 во 16:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.