Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени

    17.09.2026 во 19:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Полициска акција во Охрид: Дрога, лишувања од слобода и затекнат малолетник во дом во кој се вршела препродажба
    • Експлозија на шведски воен полигон: Неколку повредени
    • Голема меѓународна акција: Спасени 147 деца жртви на сексуална експлоатација
    • Земјотреси ја потресоа Грција: Регистрирани два посилни потреси
    • МВР со акција на терен: Уапсени 14 возачи и сослушани двајца малолетници
    • Во Штип ќе се јаде пастрмајлија за 250 денари
    • Три училишта во Битола добиваат спортски сали
    • Тачи: Ова е неправда ама останете мирни
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ја понижува Македонија

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ја понижува Македонија

    21.05.2026 во 09:292 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во СДС ништо не се менува, Филипче е продолжение на Заев и на истата капитулантскаа матрица во СДС која со години ја понижува Мaкедонија и дава простор на официјална Софија да продолжи со негирањето на македонскиот јазик и историја, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    Филипче и СДС немаат против да бидеме „северномакедонци’’. За Филипче и СДС не е проблем да ја туркаат тезата дека Македонија мора да прифаќа секакви условувања за да добие европска перспектива.

    За Филипче и СДС  не е проблем народот да биде нарекуван „северномакедонски“, ниту пак имаат проблем со бришењето на националните обележја, само за да добијат по некој аплауз од надвор и да дојдат до власт.

    СДС со години лажеа дека секоја нова отстапка на Мaкедонија  е „последниот чекор“ кон Европската Унија. Прво беше промената на знамето. Потоа промената на Уставот. Па промената на името. Денес СДС и Филипче повторно бараат нови уставни измени и повторно убедуваат дека тоа е „последната пречка“.

    Граѓаните гледаат и знаат дека секоја отстапка раѓа нова уцена, а секое попуштање отвора нов удар врз македонскиот идентитет.

    Сите досегашни отстапки кои државата ги има направено се од СДС, само поради лични лукративни цели на тесен круг од СДС.

    Македонскиот народ нема да дозволи нови понижувања, нови бланко договори и ново распродавање на идентитетот. Државните и националните интереси мора да бидат над политичките калкулации на СДС и нивното криминално наследство.

    Македонија заслужува лидери кои ќе ја бранат државата, а не политичари кои за власт и личен спас се подготвени да ја турнат во амбис, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

    Прочитај повеќе

    Левица: Влегуваме во битка со намалувањето на боледувањата

    18.09.2026 во 14:07

    Филипче: САД ја намалија помошта за Македонија бидејќи знаат со кого си имаат работа

    18.09.2026 во 13:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.