Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Вучиќ: Грижете се во чии раце ќе биде иднината на Србија
    • Маж очекувал девојка, а се појавил маскиран напаѓач – Брутален обид за убиство во Белград
    • Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата
    • Фатална грешка со вештачка интелигенција: Инцидент со товарен брод за малку ќе предизвикаше војна меѓу САД и Кина
    • Викенд хороскоп: Ѕвездите носат неочекувани страсти и пресврти
    • Трамп ги исфрла медиумите од Белата куќа
    • Целата земја остана без струја – колапс во електроенергетската мрежа
    • Путин напиша 3+2 на состанокот, човекот на Трамп не ја сфати пораката
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Али Ахмети се сретна со Рокас

    Али Ахмети се сретна со Рокас

    20.05.2026 во 21:411 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Денеска во Скопје, претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, оствари средба со шефот на Делегацијата на Европската Унија во земјата, Michalis Rokas, на која се разговараше за актуелните политички случувања во земјата и европската перспектива на Република Северна Македонија.

    На средбата детално беа разгледани обврските што Република Северна Македонија ги има кон Европската Унија, како и одговорноста на институциите и домашните власти за исполнување на сите неопходни реформи и обврски на патот кон полноправно членство во ЕУ.

    Претседателот Ахмети повторно нагласи дека европската интеграција останува стратешки приоритет и врвен државен интерес, истакнувајќи дека Северна Македонија нема друга алтернатива освен членството во Европската Унија.

    Соговорниците ја оценија важноста од продолжување на реформите, зајакнување на владеењето на правото, демократското функционирање на институциите и зачувувањето на проевропската ориентација на земјата, како клучни предуслови за напредокот на интегративниот процес.

    Прочитај повеќе

    (ФОТО) Манасиевски: Жерновски повторно забележан со „Мерцедесот“ на братучедот и непрописно паркиран

    18.09.2026 во 17:44

    Левица: Влегуваме во битка со намалувањето на боледувањата

    18.09.2026 во 14:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.