Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Вучиќ: Грижете се во чии раце ќе биде иднината на Србија
    • Маж очекувал девојка, а се појавил маскиран напаѓач – Брутален обид за убиство во Белград
    • Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата
    • Фатална грешка со вештачка интелигенција: Инцидент со товарен брод за малку ќе предизвикаше војна меѓу САД и Кина
    • Викенд хороскоп: Ѕвездите носат неочекувани страсти и пресврти
    • Трамп ги исфрла медиумите од Белата куќа
    • Целата земја остана без струја – колапс во електроенергетската мрежа
    • Путин напиша 3+2 на состанокот, човекот на Трамп не ја сфати пораката
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ѓорѓиевски со честитка за Денот на пожарникарите: Го завршивме спортскиот комплекс во Противпожарната бригада во Скопје

    Ѓорѓиевски со честитка за Денот на пожарникарите: Го завршивме спортскиот комплекс во Противпожарната бригада во Скопје

    20.05.2026 во 13:384 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Градоначалникот на Град Скопје , Орце Ѓорѓиевски, упати честитка по повод Денот на пожарникарите и големиот историски јубилеј на македонското противпожарство.

    Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи ја нагласи хуманата димензија на оваа професија и ризикот со кој се соочуваат вработените.

    „Нека е честит Денот на нашите херои, пожарникарите! Почитувани пожарникари, почитувани херои на нашето секојдневие, Денес го одбележуваме Денот на една од најхуманите, најчесните, но и најризичните професии. Денес е денот на луѓето кои не прашуваат чиј е домот, чиј е животот, чија е несреќата. Луѓе кои, кога сите други се повлекуваат, тргнуваат напред. Кога опасноста е најголема, тие се првите што влегуваат во неа. Денес е Денот на нашите херои, пожарникарите. Пожарникарството е завет. Повик што бара храврoст, дисциплина, човечност и срце поголемо од стравот. Да се биде пожарникар значи да бидеш подготвен да го ризикуваш сопствениот живот за да спасиш туѓ. Да излезеш од својот дом, знаејќи дека некаде гори нечиј дом. Да го оставиш своето семејство, за да заштитиш нечие друго. Затоа, денешниот ден е ден на длабока почит и искрена благодарност. Ви благодариме за секоја непроспиена ноќ, за секој повик на кој сте одговориле без двоумење, за секоја интервенција во која сте влегле со ризик, а сте излегле со спасен живот. За секој пожар, секоја несреќа и секоја човечка мака во која сте биле таму каде што било најпотребно.“

    Тој потсети на важноста на овогодинешниот јубилеј и ја најави својата лична заложба за подобрување на опремата и условите во главниот град, информирајќи за завршен проект на терен.

    „Оваа година одбележуваме и исклучителен јубилеј – 190 години од формирањето на првата противпожарна единица во Македонија. Тоа е доказ дека Македонија има длабока традиција на организирана храброст, пожртвуваност и служба кон народот. Традиција која денес ја продолжувате токму вие, современите пожарникари, луѓето кои секојдневно ја бранат безбедноста на граѓаните, имотот, природата и градот. Почитувани, Хероизмот заслужува почит, но заслужува и поддршка. Храброста заслужува благодарност, но заслужува и опрема, обука, услови и систем што стои зад неа. Затоа, од ова место сакам јасно да порачам, дека моја силна заложба е модернизација на Противпожарната бригада на Град Скопје и континуирано подобрување на условите за работа на нашите пожарникари. Веќе е готов спортскиот комплекс во рамки на дворот на Противпожарната бригада во Скопје, затоа што физичката подготвеност, здравјето и кондицијата се дел од нивната секојдневна борбена готовност.“

    На крајот, градоначалникот потенцираше дека системската поддршка за овие тимови мора да биде секојдневна обврска на заедницата.

    „Но, тука нема да застанеме. Ќе работиме на подобра опрема, подобри услови, поголема подготвеност и систем кој ќе може побрзо, посилно и поефикасно да одговори на секој предизвик. Затоа што овие луѓе тоа го заслужуваат. Градот што бара храброст од своите пожарникари, има обврска да им обезбеди достоинствени услови. Општеството што ги нарекува херои, има должност да стои зад нив не само на свечености, туку секој ден, во секоја смена и во секој ризик што го преземаат. Драги пожарникари, Вашата униформа е симбол на сигурност. Кога граѓаните ќе ве видат, знаат дека помошта пристигнала. Знаат дека не се сами. Знаат дека некој дошол да се бори за нив. Тоа е доверба што не се купува и не се добива лесно. Таа се гради со години со труд, пожртвуваност и храброст. Затоа денес, во име на сите скопјани, ви се поклонувам на вашето херојство. Ви го честитам Денот на пожарникарството. Ви посакувам добро здравје, сила, мирни смени и што помалку интервенции. Од срце посакувам секогаш да се враќате дома живи, здоави и горди, кај вашите семејства кои заедно со вас ја носат тежината на оваа благородна професија. Ние сме тука со вас. И секогаш ќе бидеме. Нека ви е честит Денот на пожарникарството!“

    Прочитај повеќе

    (ФОТО) Манасиевски: Жерновски повторно забележан со „Мерцедесот“ на братучедот и непрописно паркиран

    18.09.2026 во 17:44

    Левица: Влегуваме во битка со намалувањето на боледувањата

    18.09.2026 во 14:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.